Попладнево во просториите на Министерството за одбрана, заменик министерката за одбрана, Елфет Исмаили, оствари средба со одбранбеното аташе на Република Бугарија, потполковник Асен Ламбев.
На оваа средба соговорниците го истакнаа значењето на билатералната соработка, на која беше истакнато и потпишувањето на Писмото за намери, потпишано од двајцата министри за одбрана на годинешниот Самит на НАТО во Вашингтон.
Ова писмо се однесува на олеснувањето на воената мобилност во Коридорот 8, со што дополнително се нагласува соработката во областа на одбраната.