Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Магазинот „Штит“

Магазинот „Штит“ е илустрирано списание кое го издава Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Списанието излегува еднаш месечно на 60 страници во колор, на македонски и на албански јазик.
„Штит“ започна да излегува во 2009 година.
Основна цел и намена на списанието е да ја информира јавноста за активностите и достигнувањата на Армијата, да едуцира за теми од одбраната, да претставува нови оружја и опрема, да објавува воени анализи од еминентни домашни и странски експерти итн.
Во „Штит“ се објавуваат написи со различна содржина поврзана со одбраната и безбедноста. Содржините во магазинот се подредени според тематиката на написите во рубрики.
Во списанието „Штит“ пишуваат и надворешни соработници кои се компетентни за темите за кои пишуваат. Ставовите во написите од надворешните соработници не се официјални ставови на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

 

Главен и одговорен уредник
м-р Трајче Чатмов

Редакција
Умит Реџепи (технички уредник)
м-р Ксенија Митева (лектор)
Борче Лозановски (новинар)
Станка Петкова (новинар)

Адреса на редакцијата
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА – Магазин „ШТИТ“
ул. „Орце Николов бр.116, 1000 Скопје

Контакт:
Телефони: 02/312-82-76
02/311-35-27
www.mod.gov.mk

Издавачки совет на списанието „Штит“

Мени за пристапност