Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот Н.Е Андреа Силвестри и новопоставеното одбранбено аташе на Италија во нашата земја, полковник Кристијан Маргерити.
Министерот Мисајловски изрази благодарност за одлична соработка со досегашното одбранбено аташе, полковник Стефано Анџони.
На денешната средба се разговараше за одличната билатерална одбранбена соработка и сојузничка поддршка преку школувања и обуки на наши припадници во Италија.