Република Северна Македонија
- 2009-2011 Поддршка за комплетирање на музејски збирки на Национална установа – Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје
- 2010 Учество во проект за деминирање на водите на Охридското езеро и идентификација на откриеното военоисториско наследство
- 2011 Работилница во Воениот музеј за изработка на идејно решение за нови гардиски униформи на Армијата на Република Македонија
- 2011 Во соработка со Општина Аеродром изложен е експонатот млазе авион Т-33 Локид од америкаснко производство во паркот на Општина Аеродром
- 2012 Поддршка со филмски реквизити за проект на Министерството за култура за снимање на филм “До Балчак“
- 2013 Во соработка со Национална установа Завод и Музеј Битола во екстериерот на битолскиот музеј се изложени музејски експонати борбени оклопни возила и артилериски орудија од гарнизонот на АРМ во Битола.
- 2015 Соработка и учество на изложбата „Оружје од Османлиски период до крајот на Втората светска војна“ во организација на Национална установа Музеј–Куманово, на која беа изложени музејски експонати оружје од збирката на Воениот музеј.
- 2018 Учество на изложбата „Лицата на војната: Македонија и Македонците во Големата војна (1914-1918)“ во организација на Државниот архив на Република Македонија со поддршка на музејски експонати односно оружје користено за време на Првата светска војна.
- 2018 Соработка со НУ Музеј на македонската борба за самосотојност-Скопје во отворање на мултимедијалната изложба „Спомени од Првата светска војна“ со која се приклучивме кон глобалното одбележување, еден век од крајот на Првата светска војна (1914-1918).
Меѓународни
- 2013 – 2018 Учество на Република Македонија во одбележување на стогодишнина од настани од Првата светска војна во Република Македонија и во меѓународни рамки на билатерално и мултилатерално ниво
- 2015 Учество на отворање на националната изложба „Македонија и Првата светска војна“ во Воениот музеј на Шведска во Стокхлом, и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија и Воениот музеј на Кралството Шведска.
- 2016 Како плод на повеќегодишен истражувачки проект излезе од печат книгата во два тома со наслов „Турско-македонските односи низ историјата“, која е прва заедничка публикација на Министерството за одбрана на Република Македонија со Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција. Составена е од четиринаесет поглавја изготвени од страна на турски и македонски академици, објавени на турски, македонски и англиски јазик.
- 2017 Министерството за одбрана и Воениот музеј на Република Македонија го промовираа романот „Македонка-книга за Балканскиот фронт“ од германскиот автор Ханс Ерке од 1938 година, а прв пат преведен на македонски јазик. Романот се објавува во рамките на заедничкото одбележување на 100 години од Првата светска војна и соработката помеѓу Министерствотот за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија.