Почитувани граѓани,
Воениот музеј отвора можност за граѓаните кои поседуваат предмети и добра кои имаат музејска вредност, истите да бидат вклучени во музејската поставка на Воениот музеј.
Ги повикуваме граѓаните кои сакаат своето добро или предмет со музејска вредност да го вклучат во поставката на Воениот музеј, да ја пополнат изјавата за предавање на овие добра или предмети на Воениот музеј, по што Музејот ќе издаде потврда за нивно внесување во музејска евиденција. При поставување на овие добра или предмети во музејската потврда ќе биде назначено дека станува збор за донација, а донаторот ќе биде назначен со име и презиме.
Урнекот на Изјавата за предавање на добра или предмети во трајна сопственост на Воениот музеј, во состав на Министерството за одбрана, можете да ја најдете тука.
Изјавата треба да има нотарска заверка.
Бидете дел од културното наследство на нашата татковина. Донирајте музејски експонати во Воениот музеј!