Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Услуги

Барање за издавање на Уверение за регулирана воена обврска се поднесува во Министерство за одбрана – Одделенија за одбрана за регион/град (контакт и локација), односно во местото на живеење каде се води воена евиденција. При поднесување на барањето како доказ на увид се приложува воена книшка (доколку ја има) и документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа).

ВАЖНО: Барањето за издавање на Уверение за регулирана воена обврска се поднесува ЛИЧНО!

БАРАЊЕ – Превземи

Сектор за услуги, туризам, возен парк, одржување и обезбедување ги известува сите заинтересирани вработени во Министерството за одбрана, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија дека летната туристичка сезона 2025 година во А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум, Охрид и А.К.„Дојран“ Стар Дојран започнува од 01.07.2025 година. Барање за сместување во наведените објекти се доставуваат до СУТВПОиО, Одделение за услуги и туризам, Дом на Армијата Скопје.
По применото барање, телефонски ќе бидете известени 7 дена пред почетокот на смената.

Смени за сместување во автокамповите се:

Ред. бр. ЗАПОЧНУВАЊЕ НА СМЕНАТА ЗАВРШУВАЊЕ НА СМЕНАТА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА
1. 01.07.2025 година 10.07.2025 година 9
2. 11.07.2025 година 20.07.2025 година 9
3. 21.07.2025 година 30.07.2025 година 9
4. 01.08.2025 година 10.08.2025 година 9
5. 11.08.2025 година 20.08.2025 година 9
6. 21.08.2025 година 30.08.2025 година 9

 

Лице за контакт за поднесување на барањата:
А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум – Стефанија Кежаровска 078/260-366,
А.К.„Дојран“ Стар Дојран – Љубомир Џаковиќ 078/936-748.

Барање за користење на воено одмaралиште – преземи

Ценовник за летна туристичка сезона 2025

Почитувани граѓани,

Доколку сте заинтересирани за користење на услугите на Сидриштето „Билјанини Извори“, Охрид, може детално да се запознаете преку Правилникот за условите и начинот на користење на Сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1471/1 од 08.03.2021 година.

Со пополнување на Барањето и негово електронско испраќање на адресата biljaniniizvori@mod.gov.mk во период од 15 март до 1 април, може да пројавите интерес за користење на услугите на Сидриштето.

Со почит,
Министерство за одбрана

Документи:
Правилник за условите и начинот на користење на Сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1471/1 од 08.03.2021 година.pdf
Ценовник.pdf
Договор.pdf
Баракње.doc

Почитувани,

Во зимската туристичка сезона 2024/2025 година Хотелот „Шар“ на Попова Шапка ќе работи од 01.01. – 31.03.2025 година.

На располагање се двокреветни, трикреветни и четирикреветни соби.

Решение за цени за угостителски и туристички услуги во хотел „Шар“ – Попова Шапка во зимска туристичка сезона 2023/2024 година

Барање за сместување и користење на воено одморалиште – хотел „Шар“ Попова Шапка

Лице за контакт: Зоран Величковски  071 315-073

Мени за пристапност