Листа на документи од областа на Легислатива, при Министерство за одбрана
Листа на документи од областа на Легислатива, при Министерство за одбрана
Одлука за прогласување на амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија
Одлука за прогласување на амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија
Одлука за прогласување на амандманот XIX на Уставот на Република Македонија
Одлука за прогласување на амандманот III на Уставот на Република Македонија
Одлука за прогласување на амандманите I и II на Уставот на Република Македонија
Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита и спасување за време на вонредна состојба
Закон за одбрана
Закон за вработени во Министерство за одбрана – Сл. весник бр.53 од 04.03.2024 година
Закон за служба во Армијата на Република Северна Македонија
Закон за ратификација на Северноатлантскиот договор
Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства
Закон за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективна одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства
Закон за развој, производство и промет на воени стоки – Сл. весник бр.298 од 29.12.2021г.
Закон за класифицирани информации
Закон за работни односи
Закон за вработени во јавниот сектор
Закон за административни службеници
—–Кодекс на административните службеници
Закон за организација и работа на органите на државната управа
Закон за општа управна постапка
Закон за јавна внатрешна финансиска контрола
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер – Службен весник бр. 101 од 22 мај 2019
Закон за заштита на укажувачи
Милан Андоновски – директор на Директорат за правни работи
тел: 02 328 2218
e-mail: ukazuvanje@mod.gov.mk
Министерство за одбрана
Ул. „Орце Николов“ бр.116
1000 СКОПЈЕ
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Закон за заштита на личните податоци
Закон за заштита од вознемирување на работното место
Закон за спречувањето на корупцијата и судирот на интереси – Сл.весник бр. 12 од 19.01.2019 година
Закон за воздухопловство – Сл.весник бр. 14 од 22.01.2024 година
Колективен договор на Министерството за одбрана – 13.02.2024 година
Колективен договор на Министерството за одбрана – 13.02.2024 година – скенирана верзија
Колективен договор на Министерството за одбрана – 13.02.2024 година – Службен весник бр.36 од 14.02.2024 година
Општ Колективен договор за јавниот сектор – Сл. весник бр.154 од 20.07.2023 година
Колективен договор на Министерството за одбрана – 11.2019 година (престанат да важи)
Колективен договор на Министерството за одбрана – 11.2019 година – Сл. весник бр.238/2019 (престанат да важи)
–Колективен договор на Министерството за одбрана – 2013 година – (престанат да важи)
Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.pdf
Повереник за етика
Благица Трошанска – Сектор за инспекција во одбраната, Министерство за одбрана
Заменик повереник за етика
Сузе Илиевска – Генералштабот на Армијата
контакт е-маил:
Членови на Етички комитет:
– Елвин Ејуб – претседател (Сектор – воено воздухопловен авторитет, Министерство за одбрана)
– потполковник Весна Наумоска – заменик претседател (Генералштаб на Армијата)
– полковник Мухамед Ибрахими – член (Сектор за внатрешна ревизија, Министерство за одбрана)
– Сања Груевска Ѓеорѓиевски – член (Сектор за цивилно – воена соработка со регионални центри за одбрана, Министерство за одбрана)
– капетан Даниела Галевска Поповска – член (Генералштаб на Армијата)
– Ленче Белчовска – член (Генерал штаб на Армијата)
– Валентина Блажевска Андоновска – член (Независен синдикат на одбраната)
Предлог Закон за Критична инфраструктура линк до ЕНЕР Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк
Предлог Закон за вработени во Министерството за одбрана линк до ЕНЕР Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк
Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи: линк до ЕНЕР Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк
Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување: линк до ЕНЕР Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк
Предлог- закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија – линк до ЕНЕР Проценка на влијанието на регулативата (RIA) – линк
Правилници
Правилник за начинот на спроведување на контролни здравствени прегледи на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија
Правилник за начинот на работа на военолекарската комисија за утврдување на посебната здравствена способност на воениот персонал за вршење на служба во Армијата на Република Македонија
Правилникот за начинот за исплата и висината на надоместоците за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти и за време поминато на трупно патување и служба под посебни услови на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија
—- Образец за месечна изјава за надоместоци
—-Правилник за начинот на исплата и висината на надоместоците за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти и за време поминато на трупно патување и служба под посебни услови на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија заведен под бр. 01-1926/1 од 24.03.2020 г – не важи
Правилник за утврдување на цените на услугите што ги даваат капацитетите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија и начинот на нивно користење
Правилник за условите и начинот на користење на сидриштето „Билјанини извори“ – Охрид
Почитувани граѓани,
Доколку сте заинтересирани за користење на услугите на Сидриштето „Билјанини Извори“, Охрид, може детално да се запознаете преку Правилникот за условите и начинот на користење на Сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1471/1 од 08.03.2021 година,
Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за условите и начинот на користење на сидриштето „Билјанини извори“, Охрид бр. 01-1585/1 од 22.05.2025 година.
Со пополнување на Барањето и негово електронско испраќање на адресата biljaniniizvori@mod.gov.mk во период од 15 март до 1 април, може да пројавите интерес за користење на услугите на Сидриштето.
Со почит,
Министерство за одбрана
Документи:
–Правилник за работа на хотел Илинден со депанданс (престанат да важи)
Решение за формирање на продажните цени во угостителските и кантинските објекти 20.08.2015 год.
Правилник за начинот на работа на воената полиција
Правилник за условите и процедурите за впишување на воени воздухоплови во регистар на воените воздухоплови, содржината и начинот на водење на регистарот на воените воздухоплови, начинот и условите за бришење на воените воздухоплови од регистарот на воените воздухоплови, распоредувањето, боењето и означувањето на воените воздухоплови
Правилник за начинот на одржување и контролирање на површините за маневрирање, платформите, објектите, инсталациите, уредите и опремата на воените аеродроми и хелидроми и воен дел на мешовит аеродром Сл. Весник 125-2010.pdf
Процедура за издавање на согласности за летање на странски државни воздухоплови.pdf
Уредби
Упатства
Етички кодекс на вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија
Методологија за процена на воена опрема
Календар за јавни расправи за 2024 година
Календар за јавни расправи за 2023 година
Календар за јавни расправи за 2022 година
На 18.10.2022 година во просториите во Домот на Армијата се одржа работен состанок на работната група за Предлог- Законот за вработените во Министерството за одбрана.
На работниот состанок кој го водеше државниот секретар на Министерството за одбрана, Владимир Анчев, учествуваа стручни лица од Министерството за одбрана, претставници од Министерствата за Финансии и Информатичко општество и администрација, како и претставници од невладиниот сектор.
По извршената презентација за Предлог – Законот за вработените во одбраната и широката дискусија околу основите и аргументите за ново законско решение кои се засновани на Системот на национална безбедност, посебните обврски и задолженија во одбраната, обврските од членството во НАТО, беше потврдена потребата од донесување на Законот. На состанокот заради запознавање на севкупната јавност, беше договорено Министерството за одбрана да организира јавна расправа во текот на ноември 2022 година.
Потребата од носење на овој закон е заради специфичноста на надлежностите кои ги има Министерството за одбрана и кои јасно се разликуваат од останатиот јавен сектор.
Информација за процесот на изработка на предлог Закон за критична инфраструктура
Покана за јавна расправа – 21 декември 2022 година
АГЕНДА за јавната расправа за Предлог Законот за критична инфраструктура – 21 декември 2022 година
Предлог Законот за критична инфраструктура
Записник од Јавна расправа по предлог Законот за критична инфраструктура
Информација за критична инфраструктура
Модерните општества се високо комплексни со интегрирани и меѓузависни сектори и витални служби. Тие се потпираат на поддршката што им ја обезбедува критичната инфраструктура за да функционираат, да имаат проток во достава на добра, стоки и услуги.
Критичната инфраструктура е клучна за опстанокот и развојот на државата. Секоја импровизација во сферата на заштитата и безбедноста на критичната инфраструктура која ќе се манифестира низ ненавремена, недоволна и несоодветна заштита ќе ја наруши безбедноста и отпорноста на истата и ќе претставува реална пречка за нормално функционирање на општеството и реална закана за националната, регионалната и европската безбедност. Оттука, неопходно е да се подигне свесноста за соодветно разбирање на значењето на критичната инфраструктура во рамки на стратешкиот менаџмент (управување) со државата и нејзините институции. Всушност, речиси е невозможно да се развие функционален систем на заштита на критичната инфраструктура ако носителите (актерите и учесниците) во тој систем не се свесни за нејзината критичност за виталните општествени функции.
Критичната инфраструктура вклучува средства, системи, објекти, мрежи и други елементи на кои општеството се потпира во одржување на националната безбедност, економската виталност и јавното здравје и сигурност. Критична инфраструктура е онаа чие прекинување или нарушување влијае на клучните општествени животни линии на функционирање, а тоа пак има негативни импликации врз здравјето и животите на луѓето, имотот, животната средина, безбедноста на граѓанинот, транспортот, снабдувањето со вода и храна, енергијата, екологијата, комуникациите.
Планирањето, организирањето и спроведувањето на заштитата на критичната инфраструктура и обезбедувањето на максимален степен на безбедност е клучен приоритет. Денеска соочени сме со широк спектар на закани и безбедносни предизвици од различна природа со различен степен на интензитет и различни носители кои директно или индиректно ја загрозуваат критичната инфраструктура во Република Северна Македонија.
Од тие причини потребно е да се креира проактивен и превентивен систем на заштита на критичната инфраструктура со цел елиминирање на последиците или нивно намалување и овозможување на понатамошно функционирање на критичната инфраструктура и во услови на директни и индиректни опасности со што ќе го подигнеме нивото на отпорност на општеството што во суштина е и главната цел и приоритет.
Во рамки на поддршка на владината реформска агенда во процесот на пристапување и усогласување на националните правни акти со правото на Европската Унија (ЕУ) и понатамошно градење на капацитетите за успешно спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), Министерството за одбрана (МО) во соработка со Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и странска и домашна експертиза во последниот квартал од 2021 година отпочна со подготовки за регулирање на обврските кои се однесуваат на уредување и заштита на критичната инфраструктура.
Имајќи предвид дека областа на критична инфраструктура побарува меѓусекторска соработка, неопходно е вклучување на повеќе министерства, регулаторни агенции и субјекти директни носители сопственици или управители на објекти од критична инфраструктура. Оттука произлегува и потребата да се уреди и регулира и координацијата преку централно национално тело (агенција) за управување со критична инфраструктура, распределба на области/сектори со утврдени надлежности, определени офицери за врска и комуникација, планови за следење на спроведување/зајакнување на отпорноста и заштитата на критичната инфраструктура и многу други прашања. Сложеноста произлегува и од поврзаноста и меѓузависноста на инфраструктурните елементи и сектори со што загубата од една или друга општествена линија на функционирање има непосредно или директно влијание и на операциите и мисиите и на други сектори. Поврзаноста и меѓузависноста ја наметнува потребата од дополнително асоцирање и поврзаност на владините агенции и ја нагласува неопходноста од планирање, координација и надзор над надлежностите и одговорностите.
Токму затоа паралелно со потребата за подигнување на разбирањето за комплексноста, меѓузависноста и ранливоста на инфраструктурните системи со приоретизирање на напорите за градење на отпорност, неопходно е да се воспостави мулти-секторска структура за владеење и управување со отпорноста на системот на критична инфраструктура. Особено е важно да се воспостави дијалог и доверба помеѓу Владата и учесниците/операторите на критичната инфраструктура, но и партнерски однос во поделбата на одговорноста помеѓу јавниот и приватниот сектор, бидејќи добар дел од критичната инфраструктура е во приватна сопственост и се користи од приватните сопственици, а е мошне важна за функционирање на државата и создавање на високо ниво на отпорност на општеството.
Кога за критичната инфраструктура се зборува во контекст на апроксимацијата кон ЕУ, значењето на областа произлегува и од самото тоа што е опфатена и во голем број поглавја на acquis-от, особено поглавјата 3.24 Правда слобода и безбедност 3.10 Информатичко општество и медиуми и 3.31 Надворешна безбедносна и одбранбена политика. Оттука, нејзиното навремено уредување и регулирање е и тоа како значајно во процесот на апроксимација.
Согласно Националната програма за усвојување на правото на европската унија (НПАА 2021-2025), усвоена од Владата на 29.06.2021 година, предвидено е во рамки на усогласување на регулативата по однос на критичната инфраструктура донесување на Закон за заштита на критична инфраструктура.
Потребата од усогласување на националното законодавство со Директивата 2008/114/ЕЗ произлегува и од Регионална оценска мисија за борба против тероризам (БПТ) и превенција и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ)спроведена во ноември 2018 година во Скопје, која меѓу другото вклучува препораки за:
● имплементација на Директивата 2008/114/ЕЗ на Советот за идентификација и назначување на критичните инфраструктури и проценка на потребата од подобрување на нивната заштита и развој на низа обврски и активности од страна на државата;
● формирање на Национален центар за заштита на критична инфраструктура (НЦКИ) за да се обезбеди повеќе агенциски пристап за сеопфатен систем за заштита на критичната инфраструктура; и
● оптимизација на јавната и приватната координација и соработка преку надлежните тела за зајакнување и подобрување на плановите за заштита на критичните инфраструктури од терористички напади.
За таа цел потребно е уредување и на институционалните и координативните надлежности за реализација на задачите кои произлегуваат од областа на критичната инфраструктура.
Со оглед дека Министерството за одбрана поседува експертиза во рамки на седумте основни критериуми за отпорност во НАТО контекст, а согласно предлозите нотирани во Интегрираниот извештај за државна реорганизација според проектот EuropeAid/139876/DH/SER/MK односно Договорот за обезбедување услуги, број IPA/2019/410-262 со кои се предвидува интегрирање на повеќе дирекции и центри утврдено е, улогата на координација во процесот на изработка на Законот за критична инфраструктура да ја превземе Министерството за одбрана.
Министерството за одбрана, како носител на активноста за изработка на Законот за критична инфраструктура, согласно значењето на областа и потребата од регулирање на критичната инфраструктура како дел од напорите за регулирање на оваа материја во соработка со СЕП утврди агенда на активности и постапка за изготвување на Предлог-текстот на Законот, временска рамка за определување на работно тело во рамки на институцијата, утврдување на меѓу-ресорска/меѓу-институционална секторска работна група и утврдување на извршна надлежност во рамки на Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за одбрана, како носител на активноста за изработка на Предлог-текстот на Законот, во соработка со СЕП, од почетокот на декември 2021 година презеде низа подготвителни активности за реализација на предметната активност преку Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Република Северна Македонија“ кој се реализира преку UNOPS (Канцеларијата на ОН за проектни услуги).
Во јануари 2022 година, во МО се формираше работна група за изработка на Предлог-текстот на Законот, која на почетокот на месец мај се зајакна со неколку домашни експерти од областа од МО и Армијата и во фазата кога ќе се процени дека има кредибилен нацрт-текст, планира транспарентно и инклузивно да ги вклучува веќе препознаените експерти од македонската академска заедница кои имаат долгогодишно искуство во оваа област како и сите други субјекти и носители кои имаат или би имале надлежности во однос на јакнење на отпорноста и заштитата на критичната инфраструктура.
Во рамките на следните чекори и водени од принципот на сеопфатност во рамки на регулирање на областа на критична инфраструктура во МО беше разгледана комплементарноста на новата предлог директива на ЕУ по однос на отпорност на критичните ентитети (CER), COM(2020)829 final, како и НАТО седумте основни барања (Seven baseline requirements – PO(2022)0212) особено во контекст на воспоставување на целите за национална отпорност.