Списанието „Современа македонска одбрана“ е основанo во 2000 година и е прво академско, рецензирано научно списание на Министерството за одбрана, кое континуирано се објавува и истото е отворено за оригинални истражувања и практики од подрачјето на општествените науки, од полето на безбедносните науки, одбранбените науки, воените науки и студиите по мир и развој.
„Современа македонска одбрана“ објавува трудови од теоријата и практиката на безбедносни студии, одбранбени студии и студии по мир и развој, кои даваат оригинален придонес за сите области на знаење опфатени со истражувања, низ парадигмата за регионалните и глобални проблеми во поширока перспектива, а предмет на истражување е глобалниот општествен систем, каде што истражувачкиот фокус е на предизвиците и развојот на современиот свет. Призмата на анализите на безбедноста, одбраната и мирот не може да биде само национална, туку нужно е и наднационална. Така, во списанието постојат анализи и осврт на прашања кои ја засегаат не само сопствената држава и регионот, туку и пошироко – глобалните кризни подрачја.