Почитувани граѓани,
Согласно измените во Правилникот за транспарентност во работењето на Министерството за одбрана од 14.01.2021 година, Министерството за одбрана по истекот на две недели од доставувањето на одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, истиот го поставува во делот подолу, без податоците за идентитетот на барателот.
Барателот на информацијата може да побара рокот на објавување на одговорот и барањето за пристап до информации од јавен карактер да биде подолг од две недели, но најмногу до еден месец од денот на доставување на одговорот.
ПРАШАЊА/БАРАЊА И ОДГОВОРИ:
- Барање: 1. Поединечно доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници од буџетска ставка 463 – Трансфери до невладини организации, во 2024 година (Табела 1). 2. Поединечно доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници – невладини организации од друга буџетска ставка ( различна од 463 – Трансфери до невладини организации), во 2024 година ( по примерот на Табела 1). – Одговор
- Барање: 1. Колку вкупно недвижни ствари: објекти и земјишта има на користење Министерството за одбрана, доставете информација со следните податоци : вид на недвижност, Катастарска општина и правен основ за користење на истите. 2. Дали Министерството има недвижни ствари што стојат празни и не се користат од никој, доколку има да се наведе вид на недвижност и Катастарска општина. 3. Колку недвижни ствари има Министерството што не се запишани, изложени и немаат Имотен лист? – Одговор
- Барање: 1. Обуки за јавни набавки на кои присуствувале вработените во вашето министерство во период 01.01.2023 до 31.05.2025 година со следните податоци за секоја обука поединечно: – Датум на одржување на обуката; – Место на одржување на обуката; – Наслов на обуката; – Колку лица присуствувале на обуката; – Кој ја организирал обуката; – Цена на чинење на обуката за 1 лице и – Вкупен број на лица кои биле на обуки од областа на јавните набавки од вашето министерство во посочениот период. – Одговор
- Барање: 1. Процент и број на вработените во институцијата поделен по етничка припадност. 2. Органограм со раководни позиции на институцијата и имињата кои ги водат истите. 3. Извештај од последниот конкурс за вработување и последниот извештај за унапредување на вработените. – Одговор
- Барање: 1. Мисија Феникс 2010 реализирана во Авганистан 2010 година од страна на припадници на АРМ. – Одговор
- Барање: 1. Достава на согласноста, позитивното мислење кое е издадено од страна на Министерството за одбрана за изградба на комплексот згради на ГП 6.1 во ДУП за Градска четврт З 05 Скопје, поврзано со функционирањето на хелиодромот за потреби на градската болница „8-ми Септември“ Скопје. – Одговор
- Барање: 1. Согласно Колективниот договор на Министерството за одбрана член 114 став (1) точка 4, на кои Синдикати за 2024 година им е исплатена финансиска помош, и за сите Синдикати поединечно која сума им е исплатено? – Одговор
- Барање: 1. Увид во биографиско досие на полковник д-р Благоја Петковски, претседател на Македонското лекарско друштво од 1963-1966 година. 2. Увид во биографиско досие на полковник д-р Душан Карановски, претседател на Македонското лекарско друштво од 1978-1981 година. 3. Увид во биографиско досие на полковник д-р Стеван Грданоски, претседател на Македонското лекарско друштво од 1983-1984 година. 4. Увид во биографиско досие на полковник д-р Коста Секуловски, претседател на Македонското лекарско друштво од 1989-1991 година. – Одговор
- Барање: Дополнителни прашања поради забележани недоследности во врска со станот бр. 13 на ул. Филип Втори Македонски бр.19, 7000 Битола. 1. Дали се направени пропусти во постапката од Ваша страна? 2. Доколку не се направени пропусти од ваша страна, дали сметате дека како државен орган ( Министерство ), кој претходно управувал со овој имот и е споменат во одговорот на АДИССДП, имате одговорност да ги известите останатите релевантни институции за да се утвдат пропустите во оваа постапка и да се запише предметниот стан како државен имот? – Одговор
- Барање: 1. Барам да ми се достави на увид записник со број 03-531/23 од 06.02.2024 година, имиња на кандидатите кои ги исполниле условите од јавниот оглас од 31.01.2024 година, како и имиња на членови на комисијата за прием на кандидатите за цивилни лица на служба во армијата, кои учествувале во изборот на кандидатите и увид на решение на министерката за одбрана број 04-531/2 од 30.01.2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Имиња и презимиња, како и биографии на шефовите на кабинети во одделните министерства и Владата, односно кабинетот на Генералниот секретар на Владата, како и датумот на нивното назначување /стапување на функција. 2. Имиња и презимиња, како и биографии на политички советници во министерствата, Владата, односно кабинетот Генералниот секретар на Владата и Кабинетот на претседателот на Владата како и датумот на нивното назначување/стапување на функција. – Одговор
- Барање: 1. Податоци за ангажманот на членовите на Министерството за одбрана и Армијата во мировни мисии надвор од територијата на државата за периодот од 2019 до 2024 година. 2. Список на билатерални и мултилатерални воени вежби во кои учествувале членови на Министерството за одбрана и Армијата, реализирани на територијата на државата и во странство за периодот од 2017 до 2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Имиња и презимиња, како и биографија на шефот на кабинет во Вашето министерство, како и датумот на неговото назначување/стапување на функција. 2. Имиња и презимиња, како и биографии на посебни советници и кабинетски службеници во Вашето министерство, како и датум на нивно назначување/стапување на функција. 3. Имиња и презимиња, како и биографии на раководителите на сектор/помошниците раководители на сектори и државните советници во Вашето министерство и датум на нивното вработување. – Одговор
- Барање: 1. Број на избрани и именувани лица и јавни службеници во вашата институција до ден 31.12.2025 година. 2. Вкупен износ на исплатени надоместоци и други примања на избрани и именувани лица во институцијата во период од 1.7.2024 до 31.12.2024 година од буџетски средства согласно Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и другите избрани и именувани лица. 3. Број на вработени кои оствариле право на варијабилен дел од плата во периодот од 1.7.2024 година до 31.12.2024 година. 4. Вкупен износ на исплатениот варијабилен дел од плата на вработените во период од 1.7.2024 година до 31.12.2024 година. 5. Вкупен износ на исплатени средства за прекувремена работа на вработените во период од 1.7.2024 година до 31.12.2024 година. 6. Број на вработени кои биле пријавени во Државниот инспекторат за труд за извршување прекувремена работа во период од 1.7.2024 година до 31.12.2024 година, согласно со Законот за работни односи. 7. Вкупен износ на исплатени средства за неискористен одмор на вработените во период од 1.7.2024 година до 31.12.2024 година, согласно Закон за работни односи. 8. Вкупен број на вработени што се дел од синдикатот/синдикатите и на кои им се задржува дел од плата за синдикална членарина и износ на задржаниот дел на ниво на институција на годишно ниво. – Одговор
- Барање: 1. Колку АВЛ и ЦЛ со пензионирани во период од 14.02.2024 ( точно од тој ден ) до 14.02.2025 година, ако може описот да е по месеци ( барањето се однесува на пензионирани од Армијата и Министерството). – Одговор
- Барање: 1. Дали станот бр. 13 на ул. Филип Втори Македонски бр.19, 7000 Битола, кој првично беше во сопственост на ЈНА, е во ваша сопственост? 2. Доколку станот бр. 13 не е во ваша сопственост, дали е предаден на друга институција, продаден или на друг начин отуѓен? Доколку е отуѓен, со кој правен акт ( купопродажен договор, одлука, акт за пренос или друг документ)? 3. Кој е актуелниот сопственик на станот според вашите евиденции? – Одговор
- Барање: 1. Износ на хранарина на припадниците на Армијата и начинот на кој се исплаќа истата? – Одговор
- Барање: 1. Дали има дирекна или индирекна кинеска воена поддршка за Република Северна Македонија? 2. Дали има оружје и стоки за двојна употреба што се извезуваат од Република Северна Македонија во НР Кина? – Одговор
-
Барање: 1. Информација за постапката за јавна набавка на Гардиска униформа, бр.14997/2024: Одлука за јавна набавка; Записник од отворањето на понудите; Записник од спроведување технички дијалог; Пристигнати понуди или пријави за учество (Образец на Понуда – Финансиска понуда); Извештај за извршена евалуација; Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка; Одлука за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката; Потпишан договор за јавната набавка или рамковната спогодба; и Записник со инструкции добиени од Бирото за јавни набавки доколку постапката за јавна набавка била предмет на управна контрола и сите документи поврзани со управната контрола. –Одговор
- Барање: 1. Според Вашата систематизација, кои се СЛОБОДНИ работни места / позиции за кои услов е факултет 240 ЕКТС. Ветеринарен факултет? –Одговор
- Барање: 1. Дали се прави означување на соопштенија, видеа, фотографии создадени од службите за односи со јавноста со водени жигови? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Активна транспарентност на Владата и другите органи на извршната власт; Доколку да, ве молиме споделете линкови од веста; 2. Дали е донесен интерен акт на ниво на институција за спроведување на начелото на делегирање на надлежноста согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Пристап до информации од јавен карактер; Доколку да, ве молиме приложете решение за назначеното лице. 3. Дали се донесени интерни процедури за постапување по барање за пристап до информации и процедура за активно објавување на податоците со помош на АСПИ? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Пристап до информации од јавен карактер; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот; 4. Дали се објавени внатрешните процедури за јавни набавки на веб страницата на институцијата? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Фискална транспарентност на владата и другите органи на извршната власт; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот; 5. Дали се направи надградба на Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавните функции? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Фискална транспарентност на владата и другите органи на извршната власт; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот; 6. Дали е направена промоција на порталот за отворени податоци и достапните отворени податоци преку социјални мрежи, настани, промотивни состаноци? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Отворени податоци и користење на податоците од јавниот сектор; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот; 7. Дали е започнато со објавување на податоците кои ги побарале граѓанските организации и приватните компании опфатени со екс пост анализата за спроведување на Законот за користење на податоците од јавен сектор? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Отворени податоци и користење на податоците од јавниот сектор; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот; 8. Дали е започнато со објавување на предлог теми за дискусија на ЕНЕР за актуелни прашања кои се од јавен интерес? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Транспарентност при носење акти и одлуки; Доколку да, ве молиме приложете линкови што го потврдуваат одговорот. – Одговор
- Барање: 1. Како Министерството за одбрана располага/се грижи за земјиштето во КО Горно и Долно Оризари, Скопје, парцели со имотен лист: 793, сопственост на Министерството? – Одговор
- Барање: 1. Листа на советници и лица во кабинетот на министерот и заменикот на министерот во Министерството за одбрана и нето плата за секое лице поединечно. – Одговор
- Барање: 1. Колку АВЛ и ЦЛ (вработени во Армијата) се пензионирале во периодот од 11 ноември 2021 година до 14 февруари 2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Барам информација кое лице ја резервирало салата во Домот на Армијата-Скопје, за состанок на ден 27.01.2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Колку АВЛ и ЦЛ (вработени во Министерството) се пензионирале во периодот од ноември 2021 година до февруари 2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Дали цивилното лице Зоран Павлоски од ВП 2990/33 Илинден, како синдикален претставник – професионално ја извршува синдикалната функција за која е назначен? 2. Дали цивилното лице Зоран Павлоски е ослободен од работните обврски од работното место на кое работел? И со каков документ? 3. Дали е известен писмено министерот за одбрана? Доставете ни доказ ако има! 4. Дали е изготвено Решение за ослободување од работните обврски за Зоран Павлоски од страна на министерот? Доставете ни го решението ако го има! 5. Дали цивилното лице Зоран Павлоски ја зема платата преку Министерството за одбрана или преку синдикатот? Ако ја зема преку синдикат- кој е тој синдикат? – Одговор
- Барање: 1. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Скутер“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ ( бројот на усидрени скутери и остварен приход за секоја година посебно ) 2. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Kajче“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ ( бројот на усидрени кајчиња и остварен приход за секоја година посебно ) 3. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Глисер до 3,5 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ (за секоја година посебно) 4. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Глисер до 3,5 м – 6,5 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ ( за секоја година посебно ) 5. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Глисер до 6,5 м – 8,5 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ (за секоја година посебно) 6. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Глисер до 8,5 м – 15 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ ( за секоја година посебно ) 7. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Брод до 15 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ (за секоја година посебно) 8. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Брод од 15 м – 20 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ (за секоја година посебно) 9. Историски преглед на вкупниот број на усидрени пловни објекти „Брод преку 20 м“ во период 2014 -2024 година и остварен приход по овој основ ( за секоја година посебно ) – Одговор
- Барање: 1. Број на жени министерки, заменик министерки, државни секретарки, Директорки на Агенции, Инспекторати, Директорати, претседателки на Комисии како и директорки на ЈП во период од 2014 година до 2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Број на жени директорки на јавни установи кои се под Ваша надлежност од 2014 година до 2024 година. – Одговор
- Барање: 1. Известување ( одлука ) од МЕСО со бр.01-09/2024 од 03.09.2024 година доставена од МЕСО до кабинет на Министерот и Сектор за човечки ресурси. – Одговор
- Барање: 1. По спроведување на истражувачки проект за историски извори на неексплодирани убојни средства (НУС) во Република Северна Македонија, посебно сум заинтересиран за активностите околу Првата и Втората светска војна. Дали сте во можност да дадете список на откритија UxО и операции за расчистување експлозивни направи (ЕОC) извршени во Пелагонскиот регион, во близина на Прилеп, Битола, Моглија и Тополчани. Доколку е можно, дали списокот може да го содржи датумот на пронаоѓањето на НУС, откриените предмети, локацијата на пронаоѓањето и ако е можно дали тие биле отстранети или отстранети на самото место. – Одговор
- Барање: Информации и податоци кои произлегуваат од Договор за јавна набавка на услуги – Автобуски превоз на персонал на Армијата на Република Северна Македонија до и од работно место бр. 18/3-57/1 од 11.01.2022 година: 1. Да ми се достави листа на сите примени фактури во Министерство за одбрана, доставени од страна на Тритерол ДООЕЛ Струмица, со датум и износ на фактура и валута за плаќање; 2. Да ми се достави доказ за извшени уплати од Министерството за одбрана по основ на примени фактури, и дали се истите исплатени на сметка на Тритерол ДООЕЛ Струмица или се исплаќани на трети лица и доколку се исплаќани на трети лица, по кој основ се исплаќани на трети лица и кои се тие трети лица; 3. Да ми се достави листа на примени, а неплатени фактури по основ на горецитираниот договор, доколку има такви. – Одговор
- Барање:1.Вкупен број на јавни службеници кои во 2023 година учествувале на обуки/работилници за градење на нивната дигитална писменост со цел поефикасно извршување на службените задачи и опслужување на граѓаните, заедно со датум, наслов и организатор на обуките/работилниците. 2. Вкупен број на е-услуги кои институцијата ги испорача во 2023 година за граѓаните и бизнисите. 3. Листа на е-услуги кои институцијата ги испорачаво 2023 година за граѓаните и бизнисите, со линк кој води до секоја услуга поединечно. 4. Вкупен број на граѓани и бизниси кои во 2023 година ги користеле е-услугите што ги обезбедува вашата институција. Ве молиме вкупниот број до го наведете одделно по е-услуга. 5. Листа на е-услуги кои институцијата за прв пат започна да ги испорачува во 2023 година. – Одговор
- Барање:1. Име и презиме/назив на адвокати и адвокатски друштва чии услуги сте ги користеле во текот на 2023 година. 2. За секој поединечен адвокат/адвокатско друштво доставете ни ги износите на извршените исплати и основата за секоја исплата во текот на 2023 година. 3. Како е избран секој од адвокатите/адвокатско друштво чии услуги сте ги користеле? – Одговор
- Прашање: Колку услуги односно документи издава вашето министерство за граѓаните и правните лица, да ги наведете таксативно сите услуги односно документи и кои услови и критериуми се потребни за секоја услуга односно документ поединечно? – Одговор
- Истражување од област на воена дипломатија – Барање: Бројот на воено – дипломатски претставници по години ( од 1991 ) и во кои земји се / биле присутни и информација согласно кој закон/подзаконски акт се регулираат официјалните воено – дипломатски титули на припадници/вработени во МО вклучени во дипломатски активности. – Одговор
- Барање:Истражување на тема: Имплементација на Стратегијата за родова еднаквост 2022 – 2027 и Националниот акциски план 2022 – 2024– Одговор
- Барање:1.Билатерални и мултинационални воени вежби на кои учествуваат припадници на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во Северна Македонија и во странство во периодот од 1 јануари 2023 до 15 декември 2023 година 2. Rеализирани донации за Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија врз основа на склучени договори за меѓународна соработка во 2022 година. 3. Tековниот ангажман на припадниците на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во мировни мисии надвор од територијата на Северна Македонија 4. Колку луѓе во моментов се вработени во системот за одбрана и наведете ја процентуалната застапеност на жените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија..– Одговор
- Прашања:1. Колку бранители или членови на нивните семејства добиле станови од државата според Закон за бранителите? 2. Колку членови на семејствата на загинатите го искористиле правото на бесплатно образование и интернат? 3. Колку членови на семејствата на загинатите имаат пензија која потекнува од Законот за бранителите? 4. Колку членови на семејството имаат корист од еднократен паричен обред кој потекнува од Законот за бранители? Во одговорот да се вклучат и учесниците во војната на поранешна Југославија.– Одговор
- Прашања:1. Кои внатрешни процедури за постапување со Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер ги имате воспоставено за навремено одговорање на пристигнатите Барања во законски утврдениот рок? 2. Имате ли статистички податоци за тоа колкав е просекот во денови што Ви се неопходни како институција за да одговорите на Барањата ? Дали имате податоци за бројот на случаи кога сте го надминале законски дозволениот рок за одговор? 3. Колкав е бројот на службени лица за посредување со информации од јавен карактер? 4. Колку често Министерството за одбрана ги испраќа своите вработени лица на обуки и други форми на надоградување на знаењата од областа на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на следење на позитивните искуства од други земји? 5. АСПИ подготви задолжително упатство за органите на јавните власти за подобрување на транспарентноста во нивната работа. Овој документ содржи список на информации што граѓаните најчесто ги бараат, поделени во 37 области. Документот ги обврзува органите на јавните власти во рок од 6 месеци да ги објават сите информации што ги поседуваат, систематизирани по области, како и да ги објават сите одговори што ги доставуваат на барањата за слободен пристап до информации. Дали Министерството за одбрана ги има исполнето овие барања од упатството на Агенцијата? 6. Во објавениот Индекс на отвореност за 2023 година на Фондацијата Метаморфозис се препорачува да се намали максималниот рок за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 20 на 15 дена, со оглед дека тоа е разумен период на чекање според меѓународните стандарди и воспоставената регионална практика. Каков е ставот на Министерството за одбрана по однос на оваа препорака?– Одговор
- Барање:Изјава на лице и Одлука за промена на жиро сметка на Независниот синдикат на професионалните војници СО Скопје– Одговор
- Барање Во врска со договор за реконструкција на сидриште Билјанини извори – Охрид склучен помеѓу Министерството за одбрана и Ем груп Електрометал ДОО – Скопје, заведен под ваш бр. 18/3-775/13 од 10.11.2023 г., барам: Да се достави проектната документација; На која страна од Студенчишкиот канал е предвидено проектот да се реализира и во кој обем (должина и ширина на копно, ископување во Студенчишки канал)? ; Дали со проектот се планира проширување на каналот и колкаво би било истото?; Која е потребата од реализација на ваков проект, односно со која цел тој се презема?; Дали со реализацијата на овој проект Студенчишкиот канал ќе може да смести поголем број пловни објекти од сегашниот и за колку би се зголемил капацитетот?; Дали за проектот е изработена оцена на влијанието врз животната средина? – Одговор
- Барање информација за иницијатива за подигнување спомен обележја– Одговор
- Барање:Колку лица во институцијата вршат работи од областа на јавните набавки; Колку од лицата кои ги вршат јавните набавки имаат важечка потврда за положен испит за јавни набавки?; Дали членовите на комисиите за јавни набавки се менуваат за секоја јавна набавка или се истите за сите набавки?; Дали имате внатрешни правила за процена на вредност на набавките и дали за изработка на техничките спецификаии за јавните набавки?; Дали имате систем за следење на реализација на Планот за јавни набавки и за реализација на склучените набавки?; Барање за Одлука за набавка 14982/2021г.– Одговор Упатството за начинот на спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за одбрана бр. 01-607/1 од 12.09.2019 година и Одлука за набавка 14982/2021.
- Барање:Одлуки за службени патувања на делегации кои ги предводела МО Петровска и начин на избор на медиумикои патувале со министерката; исплатени фактури за: превоз на медиумски тимови; сместување на меиумски тимови; извод од службени картици на министерката и список на медиуми и претставници од медиумите за периодот јуни 2022 – 15 јули 2023 година– Одговор
- Барање: 1) Барање – потврда на изнесени информации во дневен весник „Глас јавности“– Одговор
- Барање информација за исплата по буџетски ставки 482 – стоки и услуги и буџетска ставка 465 – по извршени исправи за 2022 година
- Барани документи за јавна набавка за Уреди за уништување на хартија: 1) Одлука за јавна набавка 2) Тендерска документација 3) Записник од отварање на понудите 4) Пристигнати понуди од компании 5) Извештај од спроведена постапка 6) Одлука за избор на најповолна понуда 7) Договор за јавна набавка
- Барање: 1) Вкупен број на информации/документи означени со степен на доверливост во 2022 година.– Одговор
- Барање: 1) Извештај за хеликоптерска несреќа на 17 март 2001 година во која учествувал хеликоптер на македонското воздухопловство.– Одговор
- Барање: 1) План за интегритет, Годишна антикурупциска програма (за последната година) и Интерна процедура за спроведување на постапките за јавна набавка и реализација на договорите за јавна набавка.– Одговор
- Барање: 1) Колкав е вкупниот број на барања на информации кои биле одговорени како класифицирани или им е продолжен рокот поради доверливост на податокот?– Одговор
- Барање: 1) Поединечно доделени средства преку Министерство за одбрана до крајни корисници – Невладини организации, здруженија и фондации во текот на 2022 година;– Одговор
- Барање: 1) Колкав е вкупниот број на жени и мажи вработени во вашата институција на следните високи позиции: заменици министери, државни секретари, советници, шефови на кабинети, раководители на сектори, раководители на одделенија, началници и нивни заменици на Генералштабот на Армијата, Декани на Воена Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во периодот 2017 – 2022 година?; 2) Колку од професионалните војници и административни вработени се жени во Армијата на Република Северна Македонија?;– Одговор
- Барање: 1) Во кои и во колку други надворешни мировни мисии е дел Република Северна Македонија?; 2) Колку вкупно мажи и жени има во нив?;– Одговор
- Барање: 1) Колку вработени има во секторот за односи со јавноста на во Министерството; 2) колку средства се издвојуваат за секој вработен по функција; 3) Колку лица со договор на дело се ангажирани во овој сектор?– Одговор
- Барање: 1) Кога е донесен Годишниот план за работа на МО за периодот 2017 – 2023?– Одговор
- Барање: 1) Доставете ни список на билатерални и мултиратерални воени вежби на кои учествувале припадници на МО и Армијата реализирани во Северна Македонија и во странство во периодот 1 декамври 2021 – 20 декември 2022 година? 2) Доставете ни список на донации за Министерството за одбрана и Армијата врз основа на склучени договори за меѓународна соработка во 2022 година 3) Доставете ни информација за тековен ангажман на припадниците на МО и Армијата во мировни мисии 4) Колку луѓе се вработени во системот одбрана? 5) Колку е моменталната застапеност на жени во Армијата и Министерството за одбрана изразено во проценти – Одговор
- Барање: 1) Колку фактури и во кој износ се доставени до вас како договорен орган за склучена услуга автобуски превоз во услови на Ковид за гарнизонот Штип по спроведена постапка 14982/2021 заведена под број 18/3-57/1 од 11.01.2022? 2) По колку фактури имате постапено, во кој износ и на која сметка се истите платени? 3) Дали имате неисплатени фактури и во кој износ– Одговор
- Барање: 1) Колку фактури и во кој износ се доставени до вас како договорен орган за склучена услуга автобуски превоз во услови на Ковид за гарнизонот Штип по спроведена постапка 03932/2021 заведена под број 18/3-270/18 од 28.05.2021? 2) По колку фактури имате постапено, во кој износ и на која сметка се истите платени? 3) Дали имате неисплатени фактури и во кој износ– Одговор
- Барање: 1) Дали во Армијата/Министерството за одбрана има граѓани припадници на влашката заедница, воен старешина офицер/подофицер со завршени школи за национална одбрана/школа за подофицери; на која работна позиција се поставени? 2) Дали во Армијата/Министерството за одбрана има граѓани припадници на влашката заедница воен старешина офицер/цивилно лице кои се поставени на раководни позиции во Генералштабот/Министерство за одбрана и дали има припадник воен старешина-офицер со генералски чин? – Одговор
- Барање: 1. Дали во периодото 01.01.2021 до 31.12.2021 имате реализирани вработувања на определено време? 2. Ако има лица вработени на определено време дали истите се вработени по претходно објавен оглас и кои критериуми/услови требале да ги исполнат? 3. Дали во вашата институција има лица ангажирани на определено време преку агенции за привремени вработувања и дали нивното ангажирање е објавен јавен оглас? – Одговор
- Барање: Информација за периодот 2018 – 2019 во однос на планирани или спроведени превентивни активности: едукативни работилници или кампањи за подигнување на свеста на општата јавност за различни манифестации на сите форми на насилство врз жените, лица со различна сексуална ориентација и родов идентитет, опфатни со Истанбулската конвенција; на кој начин истите се спрведени и кој се е вклучен? Колку финансиски средства се предвидени и колку се реализирани? Дали има назнчени конкретно лице со систематизирано место за реализација на вакви и слични активности и на кој начин обезбедувате широка дисеминација меѓу јавноста за информации за мерките кои се на располагање? Дали има подготвено план, спроведување на кампањи во коснтинуитет се додека не се постигне доволно ниво на свест. – Одговор
- Барање: 1) Билатерални и мултиратерални вежби во кои учествувале припадници од МО и Армијата? 2) Листа на донации која содржи податоци од реализирани донации на МО и Армиајта врз основа на потпишани договори за меѓународна соработка во периодот 2019, 2020, 2021 г. 3) Моментален ангажман на припадниците на Армијата во мултинационални операции? 4) Колкав е бројот на вработени припадници во МО во моментов? Колкава е застапеноста на жените во МО и Армијата во овој момент изразено во проценти?. – Одговор
- Барање: 1) Дали во периодот од 01.01.2021 – 31.03.2022 година сте користеле услуги на надворешни физички и/или правни лица за спроведување на постапки за јавни набавки? Како е извршен изборот? Какви услуги сте користеле од ангажираните лица? Колкав е бројот на вработени во вашата институција кои работат во организационата единица задолжена за јавни набавки и колку вработени во вашата институција во 2021/2022 имале важечка потврда за положен испит за лице за јавни набавки?. – Одговор
- Барање: 1) Дали Вашата институција има планирано или спроведено превентивни активности: едукативни работилници или кампањи за подигање на свеста на општата јавност за различните манифестации на сите форми на насилство врз жените, лица со различна сексуална ориентација и родов идентитет, опфатени со Истанбулската конвенција. Доколку Вашиот одговор е, ДА, Ве молиме опишете колку активности имате планирано/реализирано и во кој временски период се планирани/реализирани? 2) Доколку е спроведена национална медиумска кампања, на кој начин се вклучени и/или одразени специфични потреби на ранливите жени на родовобазирано насилство и семејно насилство? Ве молиме опишете ги планираните/реализираните активности, односно кампањи и дали се тие дел од Вашата програма или станува збор за вклучување во активности на друг субјект со меѓуинституционална соработка, соработка со национални институции и тела за родова енаквост или соработка со граѓански сектор? 3) Колку финансиски средства се предвидени, а колку се потрошени за реализација на реализираните превентивни активности (едукативни активности/кампањи), на пример: за изработка и печатење на едукативни флаери, постери или други материјали, организирање на медиумска презентација на кампањите и други слични активности и од каде се обезбедени тие средства. 4)Дали имате назначено конкретно лице за систематизирано работно место за реализација на вакви и слични активности, доколку одговорот е, ДА, дали тоа лице има посетувано обуки за сензибилизирање на тематската област, доколку НЕ, кое лице е одговорно за планирање на превентивни активности/кампањи за унапредување на човековите права, а особено забрана за насилство врз жените? 5) На кој начин обезбедувате широка дисеминација меѓу јавноста за информации за мерките кои се на располагање за спречување на насилство и за постоечките мерки за заштита на жртви и постоечките специјализирани сервиси? Дали имате подготвено план/програма за спроведување на кампањи во континуитет, се додека не се постигне доволно ниво на свест кај општата популација и дали постои евалуација за постигнатите резултати?. – Одговор
- Барање: 1) Колку члена моментално брои кабинетот на министерот за одбрана, кои се тие и која е нивната титула и позиција, како и нивните работни задачи и обврски? 2) Кои се кабинетските службеници и државните и посебните советници на министерот? 3) Дали има ангажирано мадворешни советници, и ако е така – кои се тие и колку изнесува нивниот хонорар? . – Одговор
- Барање: 1) Дали Владата на Република Северна Македонија во периодот на вонредна состојба поради појавата на Ковид-19, има усвоено посебни препораки во насока на заштита и унапредување на здравјето на барателите на азил и лицата сместени во Прифатниот центар за баратели на азил, Прифатниот центар за странци, Прифатно-транзитниот центар Табановце и Прифатно-транзитниот центар Винијуг – Гевгелија и доколку да кои се тие препораки? 2) На 28 седница на Владата, одржана на 25 март 2020 година е донесен заклучок во периодот на прогласена вонредна состојба поради појавата на КОВИД-19 – сите нови баратели на азил и новозатекнати лица со нерегулиран престој во Република Северна Македонија првично карантински да се сместуваат во Прифатно-транзитниот центар Винијуг – Гевгелија. Дали донесената одлука на Владата се заснов на препорака од МЗ/Комисијата за заразни болести? Дали на одржаниот состанок при донесување на заклучокот е разгледувана мерката и од аспект на почитување на човековите права и слободи? 3) Даи времетраењето на периодот на самоизолација/карантин кој се применува на бегалци, баратели на азил и мигранти со нерегулиран престој е еднаков по времетраење со периодот на самоизолација /карантин кој се применува на државјаните на МКД? 4) Дали и колку финансиски средства има дополнително обезбедено Владата за подобра за ѓтита и спречување на ширење на КОВИД-19 вирусот помеѓу бегалците, барателите на азил и нерегулираните мигранти сместени во Прифатниот центар за баратели на азил, Прифатниот центар за странци, Прифатно-транзитниот центар Табановце и Прифатно-транзитниот центар Винијуг сметано од денот на воведување на вонредна состојба, заклучно со денот на воведување на вонредна состојба, заклучно со денот на поднесувањето на ова барање? 5) Кој е надлежен за надзор на спроведувањето на мерките кои се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот во поглед на бегалците и мигрантите? . – Одговор
- 1) Кои мерки за родова еднаквост и зајакнување на жени кои не се дел од програмите и потпрограмите на министерстовото се донесени од страна на министеството во 2019, 2020 и 2021 година ( согласно Закон за организација и работа на органите на државната управа)? .– Одговор
- Барање: 1) Кои се мерките за родова еднаквост и зајакнување на жени кои се предвидени во програмите и потпрограмите на министерството за 2019, 2020 и 2021 како дел од Годишниот план за работа на министерството за 2019, 2020 и 2021, согласно упатството за начинот на постапување на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на подготвување на стратешкиот план и годишниот план за работа за работа усвоен од Владата на МКД на 10.07.2018. – Одговор
- Барање: 1) Со кој член од Законот за служба во Армијата е предвидено доставување на Индивидуален извештај за повреда на работа?. – Одговор
- Барање: 1) Изјава-Одлука на лицето Александар Насковски да членовите на НСПВМ да ги отчлени и зачлени во НСПВ – СО Скопје Доставено до Сектор за финансии. – Одговор
- Барање: 1. Кои мерки и протоколи ги предвиде (или предложи до Комисијата за заразни болести) Министерството за одбрана за спречување на ширење на заразата помеѓу бегалците и мигрантите? 2. Пандемијата изби во време кога веќе беше прогласена состојба кризна состојба на јужната и северната граница заради зголемениот број на бегалци и мигранти. Како ова се одрази на aнгaжмaнoт на Министерството за одбрана со цел надминување на состојбите? 3. Дали од почетокот на пандемијата (март 2020) Министерството за Одбрана и Армијата имаат зголемен или намален број на персонал во камповите и прифатните центри? 4. Дали и во која мера Вашата институција обезбеди едукација, лична заштитна опрема и средства за дезинфекција за персоналот кој е ангажиран околу бегалците и мигрантите? 5. Дали на персоналот кој работи со бегалци и мигранти му беше понудена предност при вакцинацијата? 6. Дали на бегалците, мигрантите и лицатa во ризик им е понудена опција за вакцинација по примерот на соседните земји? 7. Дали на граничните премини се поставени информативни табли на повеќе јазици поврзани со информации за заразата и имунизацијата? 8. Дали за персоналот на Министерствата за одбрана и припадниците на армијата кои работат или се ангажирани на граничните премини и во тразнитно-прифатните центри беше континуирано обезбедена лична заштитна опрема и средства за дезинфекција и во кои количини? 9. Кахо се спроведуваше надзорот врз имплементацијата на мерките од страна на припадниците на Министерството и Армијата? 10. Дали и како на граничните премини и во меѓуграничната зона припадниците на армијата ги применуваа мерките за социјално дистанцирање при соочување со поголеми групи на бегалци и мигранти? 11. Колкав е вкупниот број на заболени, оздравени и починати лица од вирусот КОВИД-19 кај вработени лица во Министерството за одбрана и Армијата кои работат со бегалци и мигранти? 12. Колкав е вкупниот број на вработени лица кои се јавиле во изолација или биле позитивни на вирусот заради контакт со бегалци u мигранти во погранични транзитни центри Табановце, Куманово, Винојуг, Гевгелија и меѓугранични зелени зони од почетокот на пандемијата?. – Одговор
- Барање: 1) Која е надлежна институција во Република Северна Македонија за извршување на инспекциски надзор за да се утврди факти на правен субјект кој е сопственик и корисник на објект од значење на одбраната и од кој објект меѓу другите произлегуваат и информации кои се однесуваат на одбраната, во случај кога приватниот субјект согласно член 7, ства1 и 2 од Законот за класифицирани информации (Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/2019), не врши класификација на информациите (техничка и друга документација, податоци, планови, мапи, фотографии, видео материјали итн. кои произлегуваат од објектот, а се однесуваат особено на одбраната?. – Одговор
- Прашања: 1) Дали во врска со овој случај за потребите на снимање, научни и други истражувања поврзани со бетонската структура на браната Матка, на правното лице со назив „Монитера“ или на физичкото лице со име Георгиос Папастамос или можеби некое друго или правно или физичко лице, Министерството за одбрана согласно член 192 став 2 од Законот за одбрана, има издадено Одобрение за снимање, вршење научни и други истражувања во објекти и зони од значење за одбраната во врска со браната Матка, а доколку има на кој точно правен субјект или на кое физичко лице го има издадено ова одобрение? 2) Дали после објавувањето на статија „Ласерски снимки од брана стојат на интернет, авторот вели – нема причина за загриженост“ од новинарот Игор К. Илиевски на македонскиот веб портал CIVIL MEDIA, во врска со браната Матка која согласно законската регулатива (Закон за водите член 196 став 2) е објект од значење на одбраната, Министерството за одбрана согласно член 162 ставови 3 и 4 од Законот за одбрана изврши ВОНРЕДНИ инспекциски надзори во приватните субјекти ЕВН Македонија АД Скопје која е сопственик на ХЕЦ Матка и во ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје, која непосредно стопанисува и управува со ХЕЦ Матка за да утврди факти во врска со овој случај; потоа да утврди што како Министерството за одбрана смета дека се случило во конкретниот случај; да утврди дали погоре наведените субјекти (ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје) во врска со браната Матка ги применуваат мерките и заштита во врска со член 5 од Одлуката за определување на објектите и зоните од значење на одбраната и зоните во кои се ограничува слободата на движењето, престојот и населувањето ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.316/2020) односно член 5 од Одлуката за определување на објекти и зони од значење за одбраната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/03 и 68/16) која претходно беше на важност, како и да утврди дали и од кого во случајот можеби се направени евентуални прекршоци опфатени со одредби од Законот за одбрана и дали и од кого можеби се направени евентуални кривични дела опфатени со одредби од Кривичниот законик, итн.?. 3)Дали откако во 2006 година браната Матка (која согласно член 196 став 2 од Законот за водите е објект од значење за одбраната) стана сопственост на приватната компанија со целосен странски капитал ЕВН Македонија АД Скопје па се до денес, Министерството за одбрана согласно член 165 став 2 од Законот за одбрана има извршувано РЕДОВНИ инспекциски надзори во приватните субјекти ЕВН Македонија АД Скопје која е сопственик на ХЕЦ Матка, како и во ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје која непосредно стопанисува и управува со ХЕЦ Матка, со цел да се утврди дали погоре наведените приватни субјекти во врска со браната Матка ги применуваат мерките за безбедност и заштита во врска со член 5 од Одлуката за определување на објектите и зоните од значење за одбраната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/03 и 68/16) и колку Редовните инспекциски надзори во врска со браната Матка во наведениот период (од 2006 година па до денес) има извршено Министерството за одбрана поодделно во секој случај од наведените субјекти? 4) Дали Министерството за одбрана со цел овој случај во врска со ласерското скенирање на браната Матка да не се препушти на било какви случајности, сомнежи и претпоставки, ќе превземе активности во насока на целосно расветлување на истиот и утврдување дали евентуално има законски прекршувања (прекршочни/кривични) на инволвирани правни и (или) физички лица во овој случај? – Одговор
- Барање: Како надлежен орган, а согласно финансискиот план на МО и Буџетот на МО, кои плаѓања се опфатени со Потпрограма 10-Администрација, НП 980 – Сектор за човечки ресурси, потставка 464410-Државни награди, 464940 – Испратнини – редовно пензионирање и 464990 – Други трансфери? – Одговор
- Барање: 1) Соодветна и правична етничка застапеност на воениот персонал (професионални војници, подофицери и офицери) во Армијата на Република Северна Македонија, во проценти поединечно (со статус заклучно со 31.12) за секоја од годините 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020 и (заклучно со 31.10) за 2021 година. 2) Соодветна и правична етничка застапеност на персоналот во МО (без воени старешини) во проценти поединечно (со статус заклучно со 31.12) за секоја од годините 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020 и (заклучно со 31.10) за 2021 година. – Одговор
- Барање: 1)Поединечни доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници од буџетска ставка 463 – трансфери до невладини организации, во 2020 година. 2)Поединечни доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници од друга буџетска ставка (различна од 463 – транфери до невладини организации), во 2020 година. – Одговор
- Барање: 1. Колку вкупно финансиски средства имате потрошено по сите основи и поединечно по групи трошоци во врска со кризата со Ковид-19 од буџетто за 2020 година? – Одговор
- Барање: Податоци за вработените во Министерството за одбрана за 2020 година, посебно според наведените прашања во табелата – Одговор
- Барање: 1) Број на ангажирани припадници на Армијата на дневна основа во подршка на цивилните власти (Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и локалната самоуправа) во справвањето КОВИД 19 за време на кризната и вонредната состојба од 13 март до 13 јуни 2020 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа. 2) Број на ангажирани припадници на Армијата за време на кризната состојба од 20 ноември до 10 декември 2020 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа.- Одговор
- Барање: 1. Број на ангажирани припадници од Армијата на дневна основа во поддршка на полицијата на северната и јужната граница во справувањето со мигрантите од септември 2015 до март 2021 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа; 2. Број на спречени илегални премини на мигранти на јужната граници на месечна основа наведено по месеци поединечно во периодот од декември 2015 година до март 2021 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа; – Одговор
- Барање: Бараме да ни се достави точниот број на вработени и нивното место според систематизација. – Одговор
- Прашања: 1) Колку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добивте во периодот од 1 до 31 декември 2020 година? 2) Од вкупниот број на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добиени во периодот од 1 до 31 декември, на колку барања одговоривте потврдно – за колку барања информациите беа целосно одобрени и за колку информациите беа делумно дадени? 3) Од вкупниот број на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добиени во периодот од 1 до 31 декември, колку барања одбивте? – Одговор
- Прашања: 1) Колку вкупно недвижности ( објекти ) користи Министерството за одбрана? 2) Колку вкупно објекти сопственост на РС Македонија се доделени на користење со Одлука на Владата на Министерство за одбрана? 3) за колку од објектите имате Имотен лист издаден од АКН со запишано корисничко право? 4) Дали имате објекти за кои се води постапка за легализација пред Министерството за транспорт и врски? – Одговор
- Барање: Листа на репрезенативни трошоци на министерот во првите 100 дена од новата Влада. – Одговор
- Барање: Копија од записник за квалитативен и квантитативен прием на стоки кои се дел од договорот за јавна набавка бр. 18/3-157/19 од 06.06.2019 година за дел 3 – Дозер. – Одговор