Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.
 
Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија и ги исполнуваат критериумите согласно објавениот Конкурсот да ја искористат можноста и да се пријават.
 
На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои се македонски државјани, со завршено четиригодишно средно образование, да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи) и да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).
 
Подетални информации може да пронајдете на веб страницата на Воената академија на следниов линк: https://ma.edu.mk/announcements-competitions/260527-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na

Мени за пристапност