Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменикот министер Шабани: Инвестирањето во знаење, наука и човечки потенцијал се суштински предуслови за долгорочна стабилност

Заменикот министер Шабани: Инвестирањето во знаење, наука и човечки потенцијал се суштински предуслови за долгорочна стабилност

Заменикот министер за одбрана, Адмир Шабани денеска во Клубот на пратеници со свое обраќање ја отвори Меѓународната научна конференција насловена „Мултиполарност и одржлива безбедност во Европа“.

Во своето поздравно обраќање, Шабани посочи дека со геополитичките промени и појавата на нови безбедносни ризици, хибридни закани, сајбер предизвици, како и последиците од регионалните и глобалните конфликти се отвораат суштински прашања за иднината на безбедноста во Европа за кои се потребен пристап кој ги надминува националните граници.

“Како членка на НАТО и земја која активно придонесува кон регионалната и европската безбедност, продолжуваме да инвестираме во развојот на нашите одбранбени капацитети, но истовремено и во знаењето, науката и човечкиот потенцијал како суштински предуслови за долгорочна стабилност. “, потенцира заменик министерот.

Тој додаде дека партнерството меѓу институциите на одбраната и академската заедница е од исклучително значење и дека токму научните истражувања, критичкото размислување и размената на идеи ќе придонесат кон креирање поквалитетни политики и поефикасни одговори на современите безбедносни предизвици.

Меѓународната научна конференција е организирана од Филозофскиот факултет – Институтот за безбедност, одбрана и мировни студии во соработка со Министерството за одбрана и вклучува учесници од Турција, Хрватска, Латвија, Србија.

Мени за пристапност