Денеска во Македонскиот народен театар со пригодна свеченост беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање на кој присуствуваа заменикот министер за одбрана Адмир Шабани, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, високи претставници од министерството и генерали од Армијата, претставници од Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, Оперативно техничката агенција од Министерството за внатрешни работи како и од воено дипломатскиот кор.
На денешната свеченост заменикот министер Шабани честитајќи го Денот, ја истакна значајната улога на вработените во овој сегмент кои претставуваат важен столб во заштитата на државните интереси и стабилноста на државата во време на сложени предизвици, поради нивната подготвеност, аналитичност и способност навремено да ги препознаат ризиците.
„Денес живееме во време кога заканите се сè помалку видливи, а сè посложени. Дезинформациите, сајбер нападите, хибридните закани и безбедносните ризици кои се развиваат со брзината на технологијата бараат институции кои се модерни, подготвени и отпорни. Затоа, силен и професионален безбедносно-разузнавачки систем не е избор, туку неопходност“, нагласи Шабани и додаде дека имаат негова максимална поддршка и почит за за сè што секојдневно го вложуваат во исполнувањето на мисијата.
Директорот на Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната, Игор Јанкуловски во своето обраќање пред присутните посочи дека во сите овие изминати, 82 години од почетоците на воената разузнавачка и контра разузнавачка дејност и 34 години од постоењето на воената служба за безбедности и разузнавање континуирано се градат капацитети за да се одговори на безбедносните предизвици. Упатувајќи благодарност до министерот за одбрана Владо за поддршката, довербата и континуираното создавање на подобри услови за работа и до останатите организациони единици во министерството тој истакна: „...со заеднички напор покажуваме дека институцијата има капацитет, знаење и сила да се справи со најсложените безбедносни предизвици. Ова не е резултат на поединци туку е резултат на блиска работа, доверба и заедничка цел за зачувување на безбедноста, стабилноста и интересите на државата и граѓаните“