Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Мисајловски на средба со адмиралот Викоф: посветени сме на зацврстување на регионалната и колективната безбедност

Министерот Мисајловски на средба со адмиралот Викоф: посветени сме на зацврстување на регионалната и колективната безбедност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (21 мај) се сретна со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол  адмиралот Џорџ Викоф, кој е во прва работна посета на Министерството и на Армијата.

На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол за македонските контингенти во мисијата КФОР на Косово и мултинационалните сили на источното крило на Алијансата, притоа истакнувајќи дека државата е кредибилен сојузник и активен придонесувач во зацврстувањето на безбедноста на НАТО. 

„Посветени сме на зацврстувањето на регионалната сигурност, како и на колективната безбедност на Алијансата, а доказ за тоа е континуираниот придонес на македонските војници во мисијата на НАТО во Косово, КФОР, и мултинационалните сили на Алијансата на источното крило“, рече министерот. 

Министерот се осврна и на воената мобилност, при што истакна дека државата вложува во развојот на Коридорот 8, како клучен коридор во поврзувањето на Црното со Јадранското море.

На средбата со генералот Лафчиски, се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО  целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредувањето на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата. 

Во рамки на посетата адмиралот Викоф ќе биде примен и од претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова.

Мени за пристапност