Во рамки на посетата на САД и одбележувањето на 75 годишнината од основањето на НАТО Алијансата, министерот за одбрана Владо Мисајловски како член на делегацијата предводена од премиерот Мицкоски, оствари средби со потсекретарот за политички прашања во Стејт Департменот, Џон Бас. На средбата беше потврдено долгорочното стратешкo партнерство и соработка помеѓу САД и Македонија.
Македонската делегација во текот на денот оствари средби и со претседателот на Чешката Република, Петар Павел и премиерката на Естонија, Каја Калас, на кои се разговараше за интензивирање на меѓусебната соработката и за поддршка за ЕУ интеграциите.
На завршиот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон, централна тема беше поддршката за Украина и соработката со партнерските земји од Индопацификот. Македонија останува посветена на заложбите за континуирана поддршка на Украина.