Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри: Заеднички продолжуваме да придонесуваме во безбедноста на регионот и на источното крило на Алијансата

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри: Заеднички продолжуваме да придонесуваме во безбедноста на регионот и на источното крило на Алијансата

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и одбранбеното аташе полковник Стефано Анџони.
Министерот Мисајловски се заблагодари за сојузничката поддршката од страна на Италија.

Во фокус на разговорот беше потпишувањето на Писмото за намери кое беше потпишано од страна на министерот Мисајловски минатата недела заедно со министрите за одбрана на Италија, Албанија и Бугарија за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата.

Министерот Мисајловски и амбасадорот Силвестри заклучија дека двете земји заеднички ќе продолжат да придонесуваат во безбедноста на регионот и на источното крило на Алијансата и се согласија дека континуираната и продуктивна одбранбена билатерална соработка во различни областите и понатаму ќе продолжи.

На средбата министерот Мисајловски ги информира амбасадорот и одбранбеното аташе за пожарите кои ја зафатија нашата држава и нагласи дека досега е добиена помош од неколку земји.

Мени за пристапност