Како дел од прославата 75 години од воспоставување на темелите на најголемата политичко воена алијанса, НАТО која оваа година се одржува во Вашингтон, САД, во организација на Секретарот за одбрана, Лојд Остин беше организиранa свечена вечера за министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, на која присуствуваше министерот за одбрана Владо Мисајловски
На настанот поздравно обраќање пред присутните имаше Секретарот за одбрана Лојд Остин.
Овој настан беше одлична можност за запознавање со колегите од останатите земји членки на НАТО и можност за дискусија во насока на зајакнување на билатералната и мултилатералната соработка меѓу министерствата за одбрана.