Министерот за одбрана Владо Мисајловски е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицковски која учествува на Самитот на лидери на Северно-атлантската Алијанса кој се одржува од 09-11 јули во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата на Министерството за одбрана се шефицата на кабинетот, Елизабета Чуповска Ристова и Кети Ристеска, Шеф на одбранбениот оддел на постојаната делегација при НАТО.
За време на престојот во САД, министерот Мисајловски заедно со останатите членови на македонската делегација, министрите за надворешни работи и надворешна трговија и на внатрешни работи Тимчо Муцунски и Панче Тошковски предводена од премиерот Мицковски, ќе остварат средби со конгресмени, со претставници на тинк-тенк заедницата, како и средби со претставници на бизнис заедницата.
Покрај учеството на Состанокот на Северноатлансткиот совет, на маргините на Самитот, министерот Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија, Бугарија ќе потпишат Писмо на намери за воспоставување хармонизиран коридор за воена мобилност во рамки на Коридор VIII.
Дополнително министерот Мисајловски заедно со членовите на делегацијата од Министерството за одбрана ќе учестуваат на свечениот прием за министри за одбрана на земјите членки на Алијансата во организација на Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин
Во организација на стопанска комора на САД за прв пат ќе се одржи настан во рамки на Самитот на НАТО на тема Defense Industry Forum на која ќе присуствува шефот на кабинетот на министерот за одбрана Елизабета Чуповска Ристова.