Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна работилницата за градење на отпорност во македонските институции

Започна работилницата за градење на отпорност во македонските институции

Од 25 до 27 март 2025 година во Скопје, во ко-организација на Министерството за одбрана и Американскиот институт за безбедносно управување се реализира работилница за градење на отпорност помеѓу институциите во државата.

Целта на работилницата е унапредување на знаењата за напредно планирање на процесот за имплементација на основните барања на НАТО за отпорност и развој на концепциско-плански документи поврзани со обезбедување на континуитет на владата, справување со масовни жртви, поддршка на земја-домаќин, како и поддршка на меѓу-агенциската/цивилно-воената соработка поврзана со отпорноста, управувањето со кризи и подготвеноста за одговор на сите опасности.

На првиот ден од работилницата беа одржани и состаноци со клучните лица и експерти за градење на отпорност во Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство.

На работилницата учествуваат претставници од министерства и други институции поврзани со одбраната, безбедноста, здравството, транспортот, енергетиката и комуникациите одговорни во градење на отпорноста на општеството.

Оваа работилница е континуитет на НАТО работилниците за градење на отпорност реализирани во текот на 2023 и 2024 година.

Мени за пристапност