Согласно Годишниот план на активности за 2025 година, на 25 и 26.02.2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ се реализира обука од областа на градење интегритет на тема „Воведување критериуми во процесот на донесување одлуки и техники на преговарање во јавните и одбранбените набавки“.
Целта на дводневната обука е подобрување на знаењата и практичните вештини на персоналот од Министерството за одбрана и Армијата вклучен во процесот на јавни и одбранбени набавки притоа користејќи повеќе критериуми и водење ефективни преговори за јавните и одбранбените набавки.
Предавач на обуката организирана од Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS) беше Анела Думан, Меѓународен експерт за набавки.
Оваа обуката е дел од процесот за градење интегритет и се реализира врз основ на Планот за оваа година меѓу Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS).