Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Обука за развој на раководните службеници во одбраната

Обука за развој на раководните службеници во одбраната

На 27 и 28 март 2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, беше реализиран првиот модул од „Обуката за раководни службеници во Министерството за одбрана – потреба од државни службеници – причини и потенцијал за нивно подобрување“. Обуката беше организирана од страна на Секторот за образование и обука во Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука во соработка со ескперти од Министерството за одбрана на Кралството Норвешка.

Целта на обуката беше раководни службеници во одбраната да се стекнат со потребни знаења и вештини за правилно балансирање на основните бирократски должности што се интегрираат во сите задачи во Министерството, со цел давање кохерентни, избалансирани и темелно подготвени совети до министерот.

Учесниците на семинарот преку размена на искуства и студии на случај, имаа можност да се запознаат и се стекнат со дополнителни знаења и вештини поврзани со обврските на државните службеници и балансот меѓу нив.

На обуката свој придонес дадоа експерти од норвешкото Министерството за одбрана – Керсти Клабе, Директор на Секторот за персонална политика, компетенција и правни работи и Јохан Согард, Директор за стратегиски развој.

Обуката беше организирана согласно Планот за школување, обука, стручно оспособување и усовршување и специјализации на вработените за потребите на Министерството за одбрана и Армијата за 2025 година.

Мени за пристапност