На 04 феруари 2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, беше реализиран семинар на тема „Неформалности и бирократска ефикасност“. На семинарот кој беше организиран од страна на Секторот за образование и обука при Министерството за одбрана во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS), присуствуваше и амбасадорката на Кралството Норвешка Н.Е. Кристин Мелсом која се обрати пред присутните и даде посебен придонес на истиот.
Целта на семинарот беше раководниот кадар во министерството, во насока на подобрување на функционалноста и перформансите на бирократските системи преку адресирање и намалување на неформалните практики. Учесниците на семинарот преку размена на искуства, презентирање студии на случај за неформалности и реални примери кои влијаат на бирократската ефикасност во земјите од Балканот, имаа можност да се запознаат и се стекнат со дополнителни, потребни знаења и вештини во однос на идентификувањето и манифестирањето на неформалностите, во извршување на секојдневните работни задачи.
На семинарот свој придонес дадоа меѓународните експерти Свеин Ериксен, и Дамир Ахметовиќ, од CIDS и Керсти Клабе, Директор на Сектор за персонална политика, компетенција и правни работи на Министерството за одбрана на Кралството Норвешка.
Обуката беше организирана согласно Годишниот план на активности за 2025 година за градење интегритет помеѓу Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка.