Фокус на курсот кој беше реализиран во соработка со италијански експерти и претставници од Центарот за студии за постконфликтни операции од Торино, Италија, имаше за цел да спроведе генерална проба како дел од подготовките на идните македонски обучувачи за спроведување на курсот за стабилизација и реконструкција.
На курсот практично беше проверена подготвеноста на идните македонски обучувачи, а со италијанските експерти беа разменети мислења за самоевалуацијата на наставниот процес и содржините на обуката.
Развојот на капацитетите е дел од НАТО цел за способност S1106 за унапредување на знаењата на потенцијалните обучувачи од области поврзани со стабилизација и реконструкција.