Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана регионалната симулациска вежба „СЕЕСИМ 25“

Реализирана регионалната симулациска вежба „СЕЕСИМ 25“

Во периодот 24-28 ноември се одржа регионалната командно-штабна вежба „СЕЕСИМ 25“ чиј домаќин е Романија, а на која преку воспоставен комуникациско-информатички систем за моделирање и симулации од својата територија беа вклучени учесници од нашата земја, Албанија, Бугарија, Грција, Молдавија, Словенија, Турција, Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) и НАТО Центарот за совршенство за кризен менаџмент и одговор на катастрофи од Софија.

 

Целта на оваа регионална вежба е зголемување на соработката, координацијата и интероперабилноста помеѓу земјите од Југоисточна Европа, како и операционализација на проектите од состанокот на министрите за одбрана на процесот СЕДМ во доменот на справување со катастрофи.

 

СЕЕСИМ 2025 е базирана на сценарио на повеќекратни природни и хибридни закани, при што националните центри за итни операции преку веќе воспоставениот информациско-комуникациски систем заеднички и координирано преземаат суштински задачи и мерки неопходни за одговор на националните и регионалните вонредни и кризни ситуации.

 

Носител на вежбата која беше реализирана во Центарот за управување со кризи, беше Министерството за одбрана, а дел од неа беа и претставници од Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, други државни институции, јавни претпријатија и Црвениот крст.

Мени за пристапност