Почитувани,
Министерството за одбрана во врска со Јавниот оглас број 3/2025 за вработување на 6 (шест) лица во Министерството за одбрана, објавен на 30.07.2025 година ги известува сите кандидати дека е завршена третата фаза од постапката за селекција и избор – интервју.
Со цел навремено и транспарентно известување на сите кандидати за вработување, а во врска со член 5 став (3) од Правилникот за начинот на поднесување на пријава за вработување во Министерството за одбрана, составот на Комисијата за избор, начинот на работа на Комисијата за избор, составување на ранг листи, бодување и избор на прворангиран кандидат, во прилог на ова известување се објавуваат ранг листи на кандидати кои ја поминале третата фаза – интервју, како и на кандидати кои не ја поминувале последната фаза на постапката и за кои постапката е завршена.
РАНГ ЛИСТИ:
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно техничка поддршка за постапување по јавни набавки, категорија В, (1) извршител
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник – асистент на Директорот на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, категорија В, (1) извршител
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за административно-технички работи, категорија В, (1) извршител
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210В04000 Помлад соработник за спроведување на активностите за имплементација на НАТО цели на способности за стабилизација и реконструкција, категорија В, (1) извршител
- РАБОТНО МЕСТО ОДБ0210Г02000 Референт – технички секретар, категорија Г, (1) извршител
Се известуваат сите кандидати дека дополнително на веб страната на Министерството за одбрана ќе бидат објавени ранг листи со идентификациски кодови со вкупен број на освоени бодови од сите фази на постапката за вработување во Министерството за одбрана согласно член 37 ставови (9) и (10) од Законот за вработените во Министерството за одбрана.
Со почит,
Министерство за одбрана