Во рамки на активностите за градење интегритет во одбраната, на 15.09.2026 година во Центарот за обука за одбрана „Др.Џозеф Крузел“ беше реализирана обука на тема „Дијагностика и предлог-мерки за подобрување на работната средина“ организирана од Секторот за образование и обука при Министерството за одбрана во соработка со Центарот за Интегритет во Безбедносниот Сектор (CIDS).
Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на персоналот за препознавање и анализа на предизвиците поврзани со работната средина, идентификување на организациски ризици и развивање практични и мерливи мерки за нејзино подобрување.
Активното учество на вработените во процесите на подобрување на работната средина е од особена важност во градењето на капацитетите на институцијата и токму во таа насока на самата обука преку интерактивен пристап, учесниците се запознаа со практични алатки и методи за проценка на работната средина, идентификување на причините за предизвиците и развивање конкретни мерки и акциски планови, со посебен фокус на комуникацијата, интегритетот, продуктивноста и благосостојбата на вработените.
Обуката беше организирана согласно Планот за интегритет 2026 – 2029 година на Министерството за одбрана, Календарот на специјализирани обуки за 2026 година и Годишниот План на активности за 2026 година меѓу Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Кралството Норвешка (CIDS).