Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската Армија по третпат домаќин на 16. регионален турнир во футсал „Пријателство преку спорт“

Македонската Армија по третпат домаќин на 16. регионален турнир во футсал „Пријателство преку спорт“

Денеска (08.09) во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид во организација на македонската Армија и Советот на воени спортови во Министерството за одбрана се одржа свечено отворање на 16. регионален „Футсал куп за мир 2026.“

На турнирот покрај македонската екипа,  учествуваат и воени спортски екипи од Босна и Херцеговина и Словенија, кои од денеска до 11 септември преку спортот ќе ја промовираат меѓусебната соработка, пријателството и тимскиот дух. Настанот се организира во рамките на активностите на Меѓународниот совет за воени спортови (CISM).

Министерството за одбрана и Армијата ги покануваат сите граѓани како и сите љубители на спортот да ги проследат натпреварите и да бидат дел од оваа регионална спортска манифестација. Влезот за посетителите е бесплатен.

Спортските натпревари кои ќе се одржат денеска од 11 часот, како и на 9 и 11 септември со почеток во 09 часот.

„Футсал куп за мир 2026“ (CISM - Futsal Cup for Peace) е меѓународна спортска иницијатива чии почетоци датираат од 2009 година, со мисија преку спортот да се градат пријателства, меѓусебна доверба и соработка меѓу припадниците на вооружените сили од земјите во регионот.

Мени за пристапност