Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Успешна реализација на работилницата за развој на капацитети

Успешна реализација на работилницата за развој на капацитети

Во периодот од 4 до 6 март 2026 година, во Домот на Армијата во Скопје, се одржа работилницата „CWMD Capability Enhancement Workshop“, организирана од Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC и Агенцијата за намалување на заканите во одбраната (DTRA), во соработка со Министерството за одбрана.

Главната цел на работилницата беше унапредување на капацитетите за спречување на нелегалното ширење на оружје за масовно уништување, преку размена на искуства, експертски дискусии и практични активности, со акцент на граничната безбедност.

Работилницата успешно ја оствари својата цел и придонесе за јакнење на регионалната соработка во областа на спречување на ширењето на оружје за масовно уништување.

На тридневната работилница учествуваа претставници од земјите членки на RACVIAC, партнерски организации и институции, како и 11 претставници од земјава.

Мени за пристапност