Претставници на македонското Министерство за одбрана и на вооружените сили на Италија вчера (18 март) во Министерството го потпишаа Планот за билатерална соработка во областа на одбраната помеѓу двете земји за 2026 година, кој опфаќа повеќе области меѓу кои и воената едукација, обуките, вежбите, меѓусебните посети и експертските разговори.
На вчерашните редовни билатерални консултации кои претходеа на потпишувањето на Планот, и двете делегации изразија задоволство од досегашната соработка која датира од 1997 година кога беше потпишана Спогодбата за билатерална воена соработка, а денес е пример за тоа како треба да соработуваат две пријателски и сојузнички земји.
Во речиси две-декадните билатерални одбранбени односи вооружените сили на двете земји се развиваа во поголем број на области како цивилно-воената соработка, военото воздухопловството, логистиката, воената полиција, сајбер безбедноста, трансформацијата на системот за обука и едукација и сл. Италија го има поддржано развојот на Армијата со разновидна опрема како камиони, алпинистичка опрема, инженериска опрема, алпинистичка кула и друго.