Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука за „Методологија за утврдување на работни места подложни на корупција“

Реализирана обука за „Методологија за утврдување на работни места подложни на корупција“

На 24 февруари (вторник) во организација на Секторот за образование и обука во Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Кралството Норвешка (CIDS) беше реализирана еднодневна обука на тема „Методологија за утврдување на работни места подложни на корупција“.

На оваа обука беше разработен нов пристап во доменот на градење интегритет и спречување на можна корупција, при што учесниците ги истакнаа можните предизвици во однос на функциите опфатени со методологијата, а воедно беа опфатени и критериумите што се користат при процената на ризикот од појава на корупција.

Предавачи на обуката реализирана согласно Планот за интегритет 2026 – 2029 година на Министерството, Календарот на специјализирани обуки и годишниот План на активности за 2026 година, беа меѓународни експерти од CIDS.

Мени за пристапност