Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на делегација од Министерството за одбрана со потпретседателот на Атлантскиот совет, Кроениг

Средба на делегација од Министерството за одбрана со потпретседателот на Атлантскиот совет, Кроениг

Делегација од Министерството за одбрана предводена од директорот на Директоратот за меѓународна соработка, Крсте Малинковски денеска (27 јуни) се сретна со Метју Кроениг, потпретседател на Атлантскиот совет и виш директор на Скоукрофт центарот за стратегија и безбедност.

 

На средбата стана збор за заклучоците донесени на Самитот на НАТО во Хаг во однос на зголемените инвестиции во одбраната како начин за исполнување на НАТО Целите на способности.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички предизвици, безбедноста на регионално и глобални ниво, како и потребата од зацврстување на колективната безбедност. Во контекст на евроинтеграциите беше потенцирано дека овој процес мора да продолжи со засилено темпо.

Мени за пристапност