Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претставници од европските институции во работна посета на Министерството

Претставници од европските институции во работна посета на Министерството

На 11-12 јуни во Скопје, претставници на Европската служба за надворешно дејствување, Европскиот мировен фонд, Европската Комисија и имплементацискиот актер за третата мерка за поддршка беа во работна посета на Министерството за одбрана во чии рамки беше разгледана динамиката на реализацијата на европската поддршка за развој на армиските капацитети.

 

Третата мерка за поддршка на Армијата беше усвоена на 25 април годинава со одлуката на Советот на Европската Унија. Со оваа одлука се одобрени финансиски средства во висина од 15 милиони евра и тоа за повеќе видови опрема меѓу кои и технологии поврзани со разузнавање, надзор и електронско војување и извидување, мобилност и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука.

Министерството за одбрана и Армијата континуирано работат на унапредување на соработката со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.

Мени за пристапност