Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Квартален извештај на Секторот за инспекција за периодот април – јуни 2025 година

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција, Ве известува дека во кварталниот период Април-Јуни 2025 година, реализира вкупно 9 (девет) инспекциски надзори, од кои 8 (осум) редовни инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2025 година и 1 (еден) вонреден инспекциски надзор.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1. Во месец април:
– Центар за симулации/КОД;
– Одбранбено аташе и советник за одбранбени прашања на Република Северна Македонија во Вашингтон – САД.

2. Во месец мај:
– батерија ПВО;
– ЈП за комунални дејности и комуналец – Струмица;
– Основно јавно обвинителство – Тетово;
– Основно јавно обвинителство – Радовиш.

3. Во месец јуни:
– бВНЈ;
– Инспекциски надзор на организација на ППЗ во Армијата;
– Основен суд – Делчево.

Мени за пристапност