Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соработката со CIDS продолжува со реализација на семинар посветен на унапредувањето на ефикасното и одговорно донесување одлуки во рамките на Министерството за одбрана и Армијата

Соработката со CIDS продолжува со реализација на семинар посветен на унапредувањето на ефикасното и одговорно донесување одлуки во рамките на Министерството за одбрана и Армијата
На 29 септември, во организација на Директорат за управување со човечки ресурси, образование и обука и во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS), во Министерството за одбрана, се реализира семинар „Делегирање на надлежност во носењето одлуки во рамките на Министерството за одбрана и Армијата“.
 
На семинарот чија цел е во насока на унапредување на ефикасното и одговорно донесување одлуки, беа вклучени раководни лица од Министерството за одбрана и Армијата. Учесниците имаа можност да се запознаат со клучните концепти, правните и институционални рамки како и со алатките за подобрување на процесот на донесување одлуки, преземање одговорност и зголемување на ефикасноста во работењето.
 
За време на семинарот учесниците имаа и можност да разменат искуства како и да ги препознаат основните предизвици и ризици во делегирањето надлежност во рамките на институцијата, со посебен фокус на јасното дефинирање на улогите, одговорностите и ограничувањата.
 
Реализацијата на семинарот придонесува кон јакнење на институционалните капацитети, одговорното управување и транспарентното и ефикасно донесување одлуки во Министерството за одбрана и Армијата и е во согласност со Календарот на специјализирани обуки за 2026 година и Планот на активности за интегритет за 2026 година.

Мени за пристапност