Во периодот од 21 до 23 септември, во Домот на Армијата, во организација на Министерството за одбрана и Институтот за безбедносно управување од Соединетите Американски Држави, се одржа работилница за градење на отпорност помеѓу националните институции.
На работилница учествуваа претставници од 30 државни институции кои се дел од системот за справување со кризи и катастрофи, кои преку сесии за планирање и развој на националните капацитети дискутираа за клучните аспекти на националната отпорност, континуитетот на Владата и за воспоставување на рамка за национална програма за вежби.
Посебен фокус на работилницата беше ставен на унапредувањето на подготвеноста на институциите и општеството за одговор во услови на кризи како и поддршка на колективната одбрана на НАТО.
Оваа работилница заедно со работилниците реализирани во периодот од 2023 година досега како и претстојните активности планирани до 2027 година, во рамките на иницијативата SSCI (Significant Security Coordination Initiative), се значаен дел од континуираната билатерална одбранбена соработка со САД.