Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализиран семинар за планирање на персоналот во Министерството за одбрана и Армијата

Реализиран семинар за планирање на персоналот во Министерството за одбрана и Армијата

На 28 и 29 октомври 2026 година, во Охрид, во организација на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Кралството Норвешка (CIDS), се реализираше семинар на тема „Планирање на персонал“.

На семинарот учествуваа 17 вработени од Министерството за одбрана и Армијата кои работат во областа на планирањето на персоналот. Целта на семинарот беше учесниците да се запознаат со новиот пристап кон планирањето на персоналот, неговите основни принципи и практични алатки за утврдување на тековните и идните потреби од кадар. Посебен акцент беше ставен на поврзувањето на организациските приоритети со потребните компетенции и расположливите ресурси, како и на препознавањето на недостатоците и можностите за подобрување на процесот на планирање на персоналот во одбраната и Армијата.

Преку стручни предавања, презентации, практични примери и дискусии, учесниците разменија искуства и ги разгледаа предизвиците во планирањето на персоналот, вклучително и факторите што влијаат врз утврдувањето на потребите од кадар и навременото донесување одлуки во согласност со институционалните приоритети.

Реализацијата на семинарот придонесува кон јакнење на капацитетите за ефикасно планирање и управување со персоналот и е во согласност со Планот за интегритет 2026–2029 година, Календарот на специјализирани обуки за 2026 година и Годишниот план на активности за 2026 година меѓу Министерството за одбрана и CIDS.

Мени за пристапност