Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Седмата генерација на Воената академија со хумана акција ја одбележуваат 25-годишнината од дипломирањето

Министерство за одбрана Министерство за одбрана

Во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од дипломирањето на VII-та класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ (1997-2001 година), дипломираните офицери од генерацијата, заедно со Црвениот крст од општина Кисела Вода во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје организираа крводарителска акција.

Водејќи се од мотото дека секоја капка крв е важна за секого, на крводарителската акција се приклучија и младите питомци студенти на Воената академија, вработените во Министерството за одбрана и Армијата како и активни крводарители до кои допре гласот на хуманоста, при што беа собрани вкупно 76 крвни единици. 

Со организациската на крводарителската акција, питомците од VII-класа, сега офицери во македонската Армија ја покажаа својата хумана страна и го потврдија фактот дека Армијата во континуитет се приклучува во активностите во поддршка на македонските граѓани.

Мени за пристапност