Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција, Ве известува дека во кварталниот период Април-Јуни 2026 година, реализира вкупно 5 (пет) инспекциски надзори, 3 (три) редовни инспекциски надзори согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2026 година и 2 (два) вонредени инспекциски надзори.
Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:
1.Во месец Април:
-
- Центар за резервни сили;
- Имплементацијата на Правилникот за воен воено воздухопловно-технички персонал и Правилникот за условите за стекнување на воени звања за посебните специјалности од особено значање за Армијата за работните места и должности од доменот на командување и контрола со воздушниот простор и работни места и должности во против-воздушна одбрана;
- Имплементацијата на Правилникот за утврдување на висина на плата, додатоци на плата и други надоместоци на вработените во МО и Армијата кои вршат должност во дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во странство, меѓународни мисии и меѓународни организации, штабови, команди и мултинационални воени сили
2. Во месец Мај:
-
- Сквадрон за воено техничко одржување.
3. Во Месец Јуни:
-
- Баталјон за врски.