На 12 и 13 мај беше реализирана дводневна обука на тема „Вовед во проценка на ризици при спроведувањето пазарни истражувања во процесот на јавни набавки“, во организација на Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, а во соработка со експерти од Директоратот за аквизиција и од Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Норвешка (CIDS).
Целта на дводневната обука беше да се унапредат знаењата и вештините на учесниците во областа на идентификација, анализа и управување со ризици при спроведување на пазарни истражувања во постапките за јавни набавки.
Предавачите преку практични примери, интерактивни дискусии и анализа на студии на случај ги запознаа учесниците со основните принципи и методи во оваа област, како и со механизмите за обезбедување транспарентност, интегритет и ефикасност во постапките за јавни набавки.
Обуката овозможи размена на искуства и добри практики со цел зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на професионалниот пристап во спроведувањето на јавните набавки.