Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана штабна вежба „ National Resilience“

Реализирана штабна вежба „ National Resilience“

Министерството за одбрана на Република Северна Македонија заедно со Американскиот институт за безбедносно управување во координација со Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во периодот од 28 – 31.10.2024 година, во просториите на Домот на Армијата реализираа работилница „National Resilience Tabletop Exercise“.

Целта на работилницата беше да се изврши процена на подготвеноста и отпорноста на опшеството како и одговорот во поддршка на колективната одбрана на НАТО. За време на работилницата  се одржаа состаноци со клучните лидери, експерти и одговорните ентитети за градење на отпорност во Република Северна Македонија, каде акцент беше ставен на имплементација на основните барања за отпорност, поддршката на земја домаќин и на националниот систем за одговорот на кризи.

На работилницата учествуваа претставници од Министерството за одбрана, Армијата, Генералниот секретаријат на Владата, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, други органи на државна управа и јавни претпријатија од областа на транспортот, енергетиката,  комуникациите одговорни во градење на отпорноста на општеството.

Мени за пристапност