Од 15 – 17 октомври 2024 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, беше реализирана работилница на тема „Обучувај го обучувачот“, кои ги опфати потенцијалните обучувачи за потребите на Центарот, а во контекст на идно планирање и реализација на предупатни обуки за стабилизација и реконструкција за потребите на НАТО.
Фокус на работилницата која беше реализирана во соработка со италијански експерти и претставници од Центарот за студии за постконфликтни операции од Торино, Република Италија, беше ставен на функциите на стабилизација и реконструкција под перспектива на НАТО и улогата на војската, функцијата на реконструкција и цивилната компонента во стабилизација и реконструкција, процесот на планирање, реформите во безбедносниот сектор, демобилизација, разоружување, реинтеграција, како и на недржавните воени актери.
Развојот на капацитетите е дел од НАТО целта за способност S1106 за унапредување на знаењата на потенцијалните обучувачи од области поврзани со стабилизација и реконструкција.