Министерството за одбрана во ко-организација со Американскиот институт за безбедносно управување и Амбасадата на САД во Скопје, во периодот 10-12 декември 2024 година реализираше работилница за градење на отпорност помеѓу институциите во Република Северна Македонија.
Целта на работилницата која е континуитет на НАТО работилниците за градење на отпорност е процесот на имплементација на основните барања на НАТО за отпорност, справувањето со неконтролирано движење на населението и градење отпорност на критичната инфраструктура.
На работилницата учествуваа претставници од Министерството за одбрана, Армијата, Генералниот секретаријат на Владата, Центарот за управување со кризи, Министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт, за енергетика, рударство и минерални суровини и други органи на државна управа и јавни претпријатија од областа на транспортот, енергетиката комуникациите кои се одговорни во градење на отпорноста на општеството.
Пред започнување на работилницата во Министерството за одбрана беа реализирани состаноци со клучните лица и експерти и за градење на отпорност.