На 03 април 2025 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, се реализира обука за вработените во Министерството за одбрана на тема „Превенција од корупција“, во организација на Секторот за образование и обука. Обуката ја спроведоа експерти од Државната Комисија за спречување на корупцијата кои преку стручни предавања и презентации придонесоа за подигнување на знаењето на вработените за процесите и надлежности во делот на превенцијата од корупција и управувањето со судир на интереси.
За време на обуката учесниците имаа можност да дискутираат и беа отворени повеќе прашања на темата кои се од особено значење како за учесниците во извршувањето на работните задачи, така и за организаторите и предавачите во насока на организација и реализација на наредните обуки од оваа област.
Обуката беше организирана согласно Планот за школување, обука, стручно оспособување и усовршување и специјализации на вработените за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија за 2025 година.