Фокус на обуката која беше реализирана во соработка со италијански експерти и претставници од Центарот за студии за постконфликтни операции од Торино, Италија, беше во насока на размена на експертиза по однос на подготовка на идните македонски обучувачи за специфични теми. Со поддршка од италијанските експерти беше извршена самоевалуација и додефинирање на содржините на лекциите, како дел од НАТО цел на способност S1106.
Развојот на капацитетите е дел од НАТО целите на способности за унапредување на знаењата на потенцијалните обучувачи од области поврзани со стабилизацијата и реконструкцијата