Во рамки на своите редовни активности согласност Годишниот план на работа на „Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел, на 27 Ноември 2025 година беше реализирана обука на тема: „ Меѓународно хуманитарно право и негова примена во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент “.
На обуката која беше спроведена од страна на професори од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ присуствува покрај претставници од Министерството за одбрана и Армијата и претставници од Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и од Црвениот крст.
Учесниците на обуката преку предавања и интерактивни активности ги продлабочија знаењата за основните принципи на меѓународно хуманитарно право, заштитата на цивилното население и примена на етички стандарди во кризни ситуации.
Целта на оваа обука е да придонесе за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и унапредувањето на професионалните капацитети во безбедносниот и одбранбениот систем.