Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, во периодот 28 - 30 април 2026 година, се реализираше „Основна обука за заштита и спасување“ за вработените во Министерството за одбрана и Армијата.
Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со ризиците и мерките за заштита од пожари и начинот на користење на опремата и средствата за гаснење пожар.
За време на теоретскиот и практичниот дел од обуката која беше спроведена од страна на претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и инструктори од Воено-медицинскиот центар, покрај елементите за заштита, превенција и постапување во случај на пожар, беа обработени и содржини поврзани со спасување на загрозени и затрупани лица во плитки урнатини, како и укажување на прва медицинска помош и евакуација.
Оваа обука се спроведува врз основ на Планот на спроведување на мерките за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во Министерството за одбрана.