Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука за зајакнување на интегритетот во одбранбениот сектор

Реализирана обука за зајакнување на интегритетот во одбранбениот сектор

На 21 и 22 април во Центарот за обука за одбрана „Д-р Џозеф Крузел“, се реализираше специјализирана обука на тема “Обука за обучувачи за зајакнување на интегритетот во одбранбениот сектор”, наменета за вработените во Министерството за одбрана и Армијата.

Целта на обуката беше да се зајакне институционалниот капацитет за промоција на интегритетот и спречување на корупцијата преку развој на квалификувани интерни обучувачи во рамките на Министерството и Армијата.

Во рамките на обуката беа опфатени теми поврзани со поврзани со системите на интегритет, ризиците од корупција и механизмите за нивна превенција, како и релевантните меѓународни стандарди и добри практики во оваа област. Обуката се реализираше преку интерактивен пристап, кој вклучуваше предавања, дискусии, практични вежби и симулации, со посебен акцент на практичната примена на стекнатите знаења и вештини.

Оваа дводневна програма „Обука за обучувачи“  беше дизајнирана да развие одржлив базен на квалификувани обучувачи меѓу персоналот во Министерството за одбрана, кои ќе бидат способни да спроведуваат висококвалитетни обуки за интегритет и спречување на корупција во рамки на институцијата.

Предавачи на обуката беа експерти од Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка и тоа Свеин Ериксен, меѓународен експерт, Дамир Ахметовиќ, меѓународен експерт за јавен менаџмент, Бјорн Оле Гродос, директор на проектот за Западен Балкан и Ислам Јусуфи, локален експерт.

Обуката беше организирана од Секторот за образование и обука при Директоратот за управување со човечки ресурси, образование и обука, во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка, согласно Календарот за специјализирани обуки за 2026 година и Планот за интегритет 2026 – 2029 година.

Мени за пристапност