Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука на тема „Професионална автономија на раководните службеници“

Реализирана обука на тема „Професионална автономија на раководните службеници“
На 29 април во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ Секторот за образование и обука во соработка со Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка (CIDS) реализираа обука за раководниот кадар во Министерството за одбрана и Армијата, на тема „Професионална автономија на раководните службеници“.

 

Обуката ја спроведоа Свеин Ериксен, виш меѓународен експерт и Дамир Ахметовиќ, меѓународен експерт за јавен менаџмент од CIDS кои преку презентирање на алатки за самостојно дејствување и зајакнување на лидерските способности имаа за цел унапредување на знаењата и вештините на раководниот кадар од Министерството и Армијата, особено во процесите на донесување одлуки.

За време на обуката, која беше усогласена со принципите на современо управување со човечките ресурси, учесниците имаа можност да се запознаат со професионалната автономија во управувањето со човечки ресурси, стратегиите за управување со човечки ресурси како алатка на раководните службеници, важноста на деловната етика во раководењето, како и со управувањето со перформанси во насока на самостојност во раководењето.

Обуката беше организирана согласно Годишниот план на активности за 2025 година за градење интегритет помеѓу Министерството за одбрана и Центарот за интегритет во одбранбениот сектор од Норвешка.

Мени за пристапност