Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Квартален извештај на Секторот за инспекција за периодот Октомври-Декември 2025 година

Министерство за одбрана Министерство за одбрана

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РСМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција, Ве известува дека во кварталниот период октомври-декември 2025 година, реализира вкупно 5 (пет) инспекциски надзори, согласно Годишната програма за инспекциски надзор за 2025 година.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во субјектите:

1. Во месец октомври:

  • УКИМ Фармацевтски факултет - Скопје;
  • ПИ Витаминка АД - Прилеп;
  • баталјон на специјални сили.

2. Во месец ноември:

  • Основен суд - Кочани;
  • баталјон за борбено - сервисна поддршка.

Мени за пристапност