Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан годишниот план за билатерална соработка со Република Турција

Потпишан годишниот план за билатерална соработка со Република Турција

Директорот на Директоратот за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, Крсте Малинковски и oдбранбеното аташе на Република Турција, полковник Реџаи Јилмаз , денеска во Министерството за одбрана го потпишаа годишниот план за Билатерална соработка помеѓу двете земји.

 

Со потпишувањето на Билатералниот план за соработка, уште еднаш се потврдува посветеноста на двете држави во одржувањето на високото ниво на соработка. Во рамки на годинешниот план за соработка се предвидени повеќе активности меѓу кои се и експертски разговори во делот на логистиката и опремувањето за потребите на армијата, заеднички обуки и вежби на специјалните единици, соработка во делот на военото разузнавање и други активности.

Република Турција е долгогодишен партнер и поддржувач на македонската Армија, уште од почетоците на нејзиното формирање.

Мени за пристапност