Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ реализирана работилници за новите развојни технологии

Во центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ реализирана работилници за новите развојни технологии

На 27 и 28 мај, во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ беше реализирана обука поврзана со влијанието на новите развојни технологии врз меѓународните правила и мисиите на безбедносните служби.

 

Дводневната обука овозможи основно и напредно разбирање на ефектите и примената на новите развојни технологии (emerging and disruptive technologies) во современото безбедносно опкружување. Учесниците на обуката беа запознаени со предизвиците поврзани со примената, развојот и ефектите на овие технологии во современите меѓународни односи и мисиите на безбедносните служби како и со ризиците поврзани со нивната примена во одбраната.

Дел од работилницата предводена од професорите Методи Хаџи Јанев и Весна Попоска беа 22 учесници од Министерството за одбрана, Армијата, министерствата за внатрешни работи, и за надворешни работи и надворешна трговија, Управа за финансиска полиција, агенциите за национална безбедност и за разузнавање, како и Дирекција за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Оваа обука е дел од континуираните напори на Министерството за одбрана за развој на знаењата во овој исклучително важен сегмент на одбраната и безбедноста

Мени за пристапност